10 претерано скапи уживања за кои обичните луѓе може само да сонуваат
Факт е дека богатиот живот е повозбудлив, а за повеќето милионери расфрлањето со пари е секојдневие.
Ова се 10-те безобрасно скапи уживања кои за милионерите се ситница, а за обичните луѓе неостварен сон.
1. Ресторанот кој ги буди сите сетила
Сместен во Хард Рок хотелот на Ибица, ресторанот SubliMotion нуди јадења сервирани на долгата маса обиколена со десетина столчиња и платна на кои постојано има уметнички дела и фантастични сценографии. Температурата, влажноста, музиката, осветлувањето и амбиентот се менуваат со секое ново јадење, а менито брои дури 20 специјалитети.
2. Двегодишно патување околу светот
Богатството значи дека можете да патувате 2 години, без да мислите каде ќе се сместите и каде ќе јадете. Така, пакетот кој го нуди тоа чини 1,6 милиони долари и е создаден за сите авантуристи со длабок џеб. Во ова 2-годишно патување спаѓаат посети на над 150 земји ширум светот.
3. Најскапата хотелска соба
Во хотелот President Wilson во Женева има апартман кој чини цели $83.200 долари. Тој брои 12 спални соби, мермерна бања за секоја соба и приватна послуга составена од батлер, готвач и личен асистент. Гостите на располагање имаат и соба за билјард, приватна теретана и комплетна опрема за луксузна забава.
4. Најскапото шише вино
12-литарското шише спакувано во кутија од дрво чини $195.000 долари. Произведени се само 3 вакви шишиња. Виното е од 2009 гoдина, а во цената е вклучен лет до Франција, обиколка на лозја, како и вечера која ја организира главниот произведувач на оваа сорта вино.
5. Приватен остров
Островот Лаукала и припаѓа на островската држава Фиџи и може да се изнајми за приватна забава. За $150.000 долари по ноќ, тука може да престојуваат 72 лица. Секој гостин добива 90-минутен СПА третман, како и уживање во сите слободни активности.
Уште 5 луксузни уживања на следната страна...