5 Зачудувачки халуцинации: Измамете го вашиот мозок
Дали понекогаш посакувате да го промените начинот на кој го гледате светот? Зарем не би било забавно да можете да халуцинирате на паузата за појадок и тоа легално?
Сѐ што ви е потребно е само основното разбирање на функцијата на човековиот ум. Во последниве неколку години, научниците дошле до интересни трикови, со кои можеме да видиме работи, а истите реално да не постојат.
Овие 5 зачудувачки халуцинации можат да направат да чуете глас, да помислите дека вашиот нос е долг 3 метри и да гледате интересни фигури:
1. Ганзфелдова постапка
Почнете така што радиото ќе го наместите на шум (фреквенцијата помеѓу 2 радио станици), потоа запалете црвено светло и ставете темен превез околу очите. Во рок од неколку минути ќе искусите сет на сензорни нарушувања. Некои луѓе гледаат коњи во облаци, други слушаат гласови, а некои гледаат спектри на разни бои и чудесни облици.
Тоа е така, бидејќи вие со помош на шумот и превезот околу очи ги блокирате сетилата, па вашиот ум започнува да измислува сопствени.
2. Необичен начин да ја ублажите болката
Научници од Оксфорд откриле необичен начин за намалување на болките: инверзен двоглед. Тие дошле до заклучок дека штом испитаниците гледаат ранет прст низ наопаку свртената страна на двогледот, прстот им изгледа оддалечен и така чувствуваат помала болка.
Затоа, следниот пат кога ќе го удрите вашиот прст или кога ќе се пресечете, направете си услуга: погледнете низ двоглед, кој ќе биде свртен наопаку.
3. Пинокио илузија
За да го направите овој трик, потребни ви се две столчиња и трака за околу очи. Личноста која ќе носи трака околу очите треба да седне назад и да гледа во грбот на личноста која ќе седи пред неа. Тој или таа, што ќе го носи превезот околу очи треба да ја стави својата рака на носот на другата личност, а во исто време со другата рака да го држи својот нос.
Потоа треба да почне нежно да го гали носот и откога ќе помине 1 минута, ќе почувствувате дека вашиот нос е голем како на Пинокио кога лаже.
Важно е да се додаде дека овој експеримент не покажува секогаш 100% успешен резултат, но повеќе од 50% од испитаниците почувствувале дека имаат долг нос.
4. Гумена рака
За оваа халуцинација потребна ви е гумена рака, како оние на куклите во излозите. Започнете така што својата рака ќе ја сокриете под кутија или мала масичка, а пред себе поставете ја лажната, гумена рака.
Лажната рака позиционирајте така што таа да изгледа како да е ваша. Потоа испружете ја и другата рака, паралелно со гумената. Замолете некого да седне спроти вас и неколку минути да ја трие вашата вистинска и лажна рака. Откога ќе поминат тие неколку минути, ќе почувствувате дека лажната рака станала дел од вашето тело.
Кога ќе го стекнете тоа чувство (дека лажната рака е ваша), замолете ја личноста спроти вас да ја удри со чекан. Вие ќе почувствувате болка, бидејќи успешно сте го измамиле мозокот, кој мисли дека гумената рака припаѓа на вашето тело.
5. Пуркињева светлина
Јан Пуркиње уште како дете ги открил овие халуцинации и е еден од основачите на модерната невронаука. Најпрво ги затворил очите, a потоа се свртел кон сонцето со лицето и започнал брзо да ја мрда раката напред-назад, пред своите затворени очи. После неколку секунди, Пуркиње забележал низа од прекрасни облици, кои станувале се повеќе изразени.
Со помош на оваа стимулација се прават кратки спојки во визуелниот дел од мозокот, што доведува до перцепција на имагинарни фотографии.
Ќе пробате ли некоја од овие халуцинации?