25 трикови со чија помош сите работи во домот ќе траат подолго

Ако сте во процес на штедење, сигурно секоја ситница ви значи цело богатство. Овие неколку трикови ќе ве натераат да го цените секој денар, па затоа вреди да ги испробате уште денес.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-01.jpg

1. Вашите свеќи ќе горат подолго ако претходно отстојат во ладилник, 24 часа пред употребата.

2. Пресечете ги сунѓерчињата за садови на половина. На тој начин наместо да користите едно во месецот, ќе користите едно на 2 месеци. Плус, пропрскајте го сунѓерчето со малку оцет ако сакате да му ја зачувате свежината.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-02.jpg

3. Скапиот течен сапун за раце поделете го во 2 шишенца со пумпица од стар сапун и дополнете ги со вода.

4. Кога гумичката од тенкоминецот ќе се потроши, ставете мало топче хартија под неа за да ја подигнете. Така ќе ја искористите максимално.

5. Букетот цвеќе во вода ќе трае двојно подолго ако ставите малку вотка во вазата. Доволна е една мала чашка за ракија. Ако немате вотка, можете да искористите и избелувач.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-03.jpg

6. Средството за миење садови префрлете го со шише од маслиново масло. Така, ќе го спречите непотребното истекување.

7. Теглите со доматно пире или мариниран сос превртете ги со капачето надолу и чувајте ги така. На овој начин ќе го спречите создавањето на мувла.

8. Раздвојте ги бананите ако сакате да издржат двојно подолго. Кога се заедно траат од 5 до 7 дена, а раздвоените може да потраат и до 17 дена. Или, замотајте го врвот со алуминиумска фолија за да го спречите брзото созревање.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-04.jpg

9. Дуплирајте ја количината на путерот, така што ќе го изматите со еднаква количина на вода. На овој начин ќе ги преполовите калориите, а текстурата ќе биде покремаста. Чувајте го во пластичен сад со капаче. Сепак, не го користете за печење, туку за употреба во сендвичи, пире и преливи за салати.

10. Лукот и кромидот чувајте ги во хартиени кеси со дупчиња. На овој начин ќе бидат подеднакво свежи како и пред 3 месеци, кога ги купивте.

11. Сочувајте ја мекоста на лебот, така што ќе ставите чисто и свежо стапче целер во кесата каде што го чувате.

12. Ако сакате кашкавалот да остане подолго свеж, не го допирајте со раце. Бактериите од рацете може да создадат мувла многу побрзо. Затоа, најдобро е да го држите преку кесата во која е спакуван.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-05.jpg

13. Веќе отворениот кашкавал премачкајте го со тенок слој путер за да не се исуши. Постапката повторувајте ја секој пат кога ќе исечете ново парче.

14. Кремата нанесувајте ја со тапкање, не со размачкување. Ако прво ја нанесете на рацете, па со нив го поминете целото лице, ќе ви треба двојно поголема количина.

15. Додадете неколку капки за очи во маскарата која започнала да се суши и добро промешајте.

16. Пребришете ги ноктите со оцет пред да нанесете лак. Вашиот маникир ќе трае 10тина дена подолго.

17. Ставете ја пудрата во ладилник. На тој начин текстурата ќе биде покремаста и ќе го спречите мастењето на истата.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-06.jpg

18. Користете крема со СПФ фактор ако сакате бојата за коса да ви трае подолго. Помешајте ½ шолја вода со 1 супена лажица крема со заштитен фактор и растворот ставете го во шише со распрскувач. Користете секојдневно.

19. Задржете ја бојата на светлата облека така што при секое перење ќе ставите малку сол во детегрентот за перење.

20. Тенките хулахопки ставете ги во замрзнувач 24 часа пред да ги облечете. На овој начин ќе ги зајакнете влакната и ќе можете да ги носите повеќе пати пред да се растегнат или искинат.

21. Кога ги перете фармерките задолжително превртете ги наопаку и ставете ги во оцет 1 час пред да ги ставите во машина за перење. Ова посебно важи за темните фармерки, ако сакате да го спречите избелувањето.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-07.jpg

22. Користете мала количина на паста за заби, колку една кикирика. Ќе ја добиете истата пена и истата свежина како и со 3 пати поголема количина.

23. Изострете го бричот од пар стари фармерки. Доволно е да ги поминете фармерките 10-20 пати со жилетот. Исто така, задолжително исушете го бричот по користењето.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-08.jpg

24. Чувајте ги житарките во ладилник ако сакате да бидат свежи како кога сте ги купиле. Ова е посебно корисно ако секојдневно појадувате житарки или овесни снегулки.

25. Ако сакате да украсувате свежа новогодишна елка, спречете го паѓањето на игличките така што коренот ќе го брцнете во мешавина од вода и 1 мала чашка избелувач. Сепак, заради безбедноста, ова не е добра идеја ако имате милениче или мало бебе.

25-trikovi-so-cija-pomos-site-raboti-ke-traat-podolgo-09.jpg

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg