10 особини на вистинските пријатели: Јунаците се познаваат во неволја
Сосема точно е дека вистинските пријатели можете да ги изброите на една рака. Тоа се тие кои слават и уживаат во вашиот успех и привилегиите кои ги имате, но и оние кои ќе ви го чуваат срцето кога сјајот ќе исчезне.
Вашите искрени пријатели би требало да ги имаат овие 10 карактеристики. Проверете дали сте среќник да имате барем еден таков во животот.
1. Вистинските пријатели ве поттикнуваат да се прифатите
Сите луѓе се самокритични, но само добриот пријател ќе ве натера да се чувствувате добро во ваша кожа. Тие ве сакаат со сите ваши маани и предности, затоа знаат да го истакнат само најдоброто.
2. Знаат да сослушаат
Отворениот разговор е темел на пријателскиот однос, па ако личноста спроти вас знае внимателно да ве ислуша, тогаш сте навистина среќни што ја имате во животот.
3. Ви го одвлекуваат вниманието кога не сте во право
Во пријателскиот однос секој го кажува и прави она што го мисли. Но, ако конструктивниот приговор или забелешка е дискретен, не повредувајќи ги вашите чувства, тогаш имате пријател кој не сака да направите штета за која ќе се каете.
4. Во лошото се познаваат јунаците
Животот е составен од добри и лоши ситуации, а вистинските пријатели се тука и во моментите на отказ, развод, болест, па дури и тогаш кога не сакате никој покрај вас. Само постојаните пријатели ви го даваат она чувство на сигурност.
5. Нивната присутност има смирувачко дејство
Со вистинскиот пријател не треба ни да разговарате, ниту да излезете, понекогаш само неговото присуство е доволно. Токму затоа, луѓето кои имаат среќни пријателства имаат пониско ниво на стрес.
6. Заради нив останувате скромни
Со овие пријатели многу е лесно да се прослават достигнувањата, но тие се тука кога треба цврсто да застанете на земја. Доброто е што само тие знаат од каде сме и од каде потекнуваме.
7. Пријателството им е приоритет
Без оглед на бракот, децата, работата и сите попатни обврски, вистинскиот пријател не престанува да биде пријател заради недостатокот на време.
8. Чувствувате дека се постојано тука
Ако не сте во можност често да се гледате, редовно ќе се слушнете. Вистинските пријатели пронаоѓаат начини да се борат против оддалеченоста и времето кое минува.
9. Знаат како да ве одбранат
Вистинските пријатели не стојат на страна, па дури и кога целиот свет е против вас. Тие нема да ги искористат тајните кои им ги доверивте, ниту ќе ги искористат вашите слабости како инспирација за шега.
10. Знаат да простат
Пријателството не е отпорно на кавги. Сепак, признавањето и простувањето се знаци на цврстата врска која ја негувате.