Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Атомобилот и карактерот

avtomobilot-i-karakterot-povekjeДали знаете дека не е нималку случајно ако некој се одлучил за мерцедес, а некој за опел или пежо. Секако, изборот на автомобилот е најчесто условен...

 

...од финансиската состојба, но француските филозофи го занемариле тој фактор и се впуштиле во подлабока анализа за сопственикот на автомобилот.

Мерцедес - Амбициозен кој гордо се покажува возејќи го својот автомобил и се обидува да биде забележан. На avtomobilot-i-karakterotпатиштата е често арогантен, а таков е и во приватниот живот, склон е на авантури. Изразито е амбициозен и се труди во се да биде најдобар.

Цитроен - Во својот удобен автомобил обожава да крстосува по патиштата, посебно во живописни предели. Уште ако во друштвото е сакана и почитувана личност, тогаш нема некој посреќен од него. Маните му се што е расеан, дава ветувања, а не ги исполнува. Многу е духовит, но понекогаш претерува во шегите и со нив делува несериозно.

Мазда - Квалитетот му е поважен од дизајнот, потребен му е автомобил кој нема да го изненади и изневери, а по тој критериум ги бира пријателките и пријателите. Сака брзо возење, но ретко се впушта во таков предизвик. Најважно му е до целта да пристигне безбедно. Во љубовта не е склон на романтични изливи и нежност.

Пежо - Позади воланот на некој кој поседува ваква марка на автомобил најпрво ќе забележите широка насмевка. Кога сопственикот ќе излезе од тој автомобил се забележува неверојатен вкус во облекување како и голема самодоверба. Но, сепак тоа е само фасада бидејќи во прашање е маж со романтична душа кој вечно трага по жената на својот живот.

Алфа ромео - Фалбаџија на кого жените му се на прво место на листата со приоритети. Секогаш е опкружен со убави девојки, излегува на познати места низ градот и носи само брендирана облека. Неговата машина е секогаш беспрекорно чиста со цел да го привлекува вниманието каде и да се појави.

Фолксваген - Мажот кој вози фолксваген како да е залутан во 21-от век. Не сака нови трендови, слуша стари хитови во својот автомобил и никогаш не се брза кога е на пат. Не е амбициозен и помалку е спор, но многу е доверлив како партнер и е поврзан со семејството. Само неопходност може да го натера да го промени автомобилот и неговата поубава половина.

Џип - Авантуриста кој не се плаши од предизвици и во животот постојано бара промени и авантури. Изразито е спортски тип и е хиперактивен, му одговара жена која може да го прати. Не знае за компромисни решенија и толеранција. Конфликтите најчесто ги решава така што седнува во својот џип и си оди без поздрав во непознат правец.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека познатите знаменитости изгледаат сосема поразлично од друга перспектива Сте виделе ли како изгледа внатрешноста на Кривата кула во Пиза? А, сте ја видел...
14 фото-докази дека светот е полн со изненадувања Верверичка која си има своја маса пред локален ресторан, камен за кој ќе помисли...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
14 актери кои не се плашат да се трансформираат до непрепознатливост за улога (фото) Од Вилем Дефо, преку Антонио Бандерас до Деми Мур - некои актери не се плашат да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg