Што се случува со вашето тело кога ќе притиснете „snooze” наутро?

На сите им е добро познат моментот кога рано наутро алармот започнува да ѕвони, па рефлексно посегаме по мобилниот и без да ги отвораме очите го одложуваме алармот со „snooze”. Но, дали сте се запрашале што се случува со вашето тело во тој миг?

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-koga-kje-go-pritisnete-snooze-kopceto-na-alarmot-1

Можеби мислите дека со тоа што 5 минути ќе го одложите алармот не си штетите на квалитетот на сонот, но штетата е многу поголема отколку што мислите.

Погледнете зошто треба да станете со првиот аларм:

Одложувањето на алармот се одразува врз вашата продуктивност во текот на целиот ден

Кога алармот заѕвонува вие се будите од сонот, а со тоа што ги затворате повторно очите не се враќате во истата фаза на дотогашниот сон, туку се јавува сосема нова фаза. Вашиот мозок останува буден „терајќи” ве да станете за да се подготвите за новиот ден и токму поради тоа може да се чувствувате како воопшто да не сте се наспале.

Одложувањето на алармот го збунува целото тело

Откога ќе го одложите алармот, вашето тело повеќе не е сигурно кога треба да стане, кога треба да се разбуди или да заспие, бидејќи на тој начин го нарушувате природниот ритам. Колку повеќе се потпирате на „snooze” копчето, толку повеќе ќе се чувствувате слабо и заморено.

Ставете ѝ крај на лошата навика

Кога еднаш ќе го одложите алармот, тогаш без сомневање веќе доцните. Најдобро е да инвестирате во часовник кој нема копче за одложување на алармот.

Колку пати вие стискате „snooze” наутро?

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg