Што сè пропуштате додека гледате во екраните?
Со оглед на модерното време и сè поновата технологија, можеби не забележуваме, но речиси целосно станавме нејзини заробеници.
Погледот не го тргаме од екраните на нашите компјутери, таблети или мобилни. Без разлика дали работиме, се движиме или јадеме, очите постојано ни се вперени во екраните.
При тоа, не само што здравствено си наштетуваме, го губиме видот, добиваме главоболки и слично, има уште многу други работи кои ги пропуштаме.
Веќе забораваме како реално да се однесуваме меѓусебно, затоа што сè повеќе се навикнуваме сè да изразуваме со пишување и сликички кои изразуваат емоции.
Кога истото треба да го кажеме или направиме во живо не знаеме соодветно да реагираме и остануваме збунети.
Но, не е само меѓусебната комуникација, туку и сите обични моменти кои ги пропуштаме, минувајќи покрај нив со очите вперени во екраните.
Којзнае колку пати сме поминале покрај некое убаво цвеќе, интересна градба или не сме го забележале најубавото зајдисонце.
Сето тоа останува некаде, ние се оддалечуваме едни од други и пропуштаме многу ситници на кои порано им придававме поголемо значење и се чувствувавме посреќно.
Ова се само дел од нив:
1. Лични контакти
2. Природни убавини
3. Почит
4. Посветување внимание
5. Ветувања
6. Време. Многу време.
7. Автентичност
8. Фацијалната експресија
9. Културата
10. Правилно зборување на мајчиниот јазик
11. Живите реакции
12. Дијалог
13. Случајни шанси
14. Спонтаност
15. Социјални вештини за комуникација
16. Држење за раце
17. Поздравување
18. Контакт со очите
19. Мирисите наоколу
20. Гласното смеење
21. Следење на инстинктот
22. Индивидуалност
23. Импресионирање
24. Сарказам
25. Време за семејството
26. Опуштање на мозокот
27. Медитација и глетката од прозорецот
28. Гледање очи в очи
29. Вистинските реални авантури
30. Слободата
Уште гледате во екранот? Имате нешто да додадете?