6 начини како да ја спасите уништената облека

Упорните флеки и непријатните мириси на облеката се проблем со кој се соочуваме секојдневно. Меѓутоа, за нив постојат многу лесни и едноставни решенија кои веројатно ги имате дома.

6-nacini-kako-da-ja-spasite-unistenata-obleka-01.jpg

1. Замрзнете ги фармерките за да се ослободите од непријатниот мирис

И покрај честото перење, тексасот знае да прими некој чуден мирис кој не е најпријатен. За да се ослободите од него, ставете ги фармерките во пластична кеса, добро затворете и ставете ги во замрзнувач. Ниската температура ги убива сите бактерии кои доведуваат до непријатни мириси.

2. Жолтите дамки од пот отстранете ги со лимон

Мешавината на сок од лимон и вода е совршен избор во борбата против жолтите дамки од потта. Ако не ви помогне лимонот, пробајте со сода бикарбона. На дамката ставете мешавина од сода и лимон, оставете ја да отстои неколку минути, па исперете во машина.

3. Отстранете ги непријатните мириси со водка

Можеби ви звучи нехигиенски, но ако ви се случи да не сте во можност да ја исперете маицата, а морате да ја облечете - има решение. Напрскајте малку водка на маицата и оставете ја да се исуши. Алкохолот ги убива сите бактерии.

4. Ослободете се од дамките со пена за бричење

Сигурно барем еднаш ви се случило течната пудра да ви се размачка по облеката, наместо на лицето. Тогаш веројатно знаете колку мачен момент следува. Но, има и поедноставно решение. Пената за бричење може да ви помогне во вакви ситуации. Едноставно нанесете ја на дамката, оставете ја да отстои неколку часа и исперете ја ткаенината.

5. Со лак за коса отстранете ги дамките од кармин

Интересно е што лакот за коса е најлесен начин да ја извадите тврдокорната дамка од кармин. Светлите кармини честопати не можат да се исперат во машина, па затоа испрскајте ја флеката и оставете ја ткаенината да отстои. Потоа, исперете.

6. Отстранете ги дамките од вода на кожните чевли со помош на оцет

Ако зимските чевли ви се полни со дамки од водата, снегот и солта, тоа можете да го решите со обичен оцет. Намокрете една мека четка за заби со оцет и истријте ги дамките.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg