Зошто не си поканет/а на мојата венчавка?
Една невеста била изморена од прашањата кој ќе покани на својата свадба и зошто некој нема да присуствува, па затоа решила да им ги разјасни сите дилеми на „пријателите“ по пат на Фејсбук.
Нејзиното соопштение гласело вака:
Оваа недела ги испраќаме поканите за нашата венчавка. Го прегледувам списокот на луѓето кои ќе ги поканам. Имаме ограничен број на места во црквата и ресторанот.
Затоа, ќе се обидам да бидам што појасна, а никого да не повредам.
Ако не добиете покана од нас, ова се потенцијалните причини зошто е тоа така:
1. Те канев секој пат кога нешто организирав,а ти не се појави.
2. Ти си само соработник/колега и никогаш не сум те сретнала, ниту поздравила надвор од работа.
3. Доаѓав на сите твои случувања, а ти на моите не се ни јави.
4. Се дружевме само во големи групи на пријатели и никогаш не сме биле толку блиски.
5. Ако некогаш си ме озборувал, дефинитивно не си поканет.
6. Ако се појавуваш само заради јадењето и алкохолот, навистина нема потреба да си на нашата церемонија.
7. Твојата венчавка помина, а јас не бев поканета (и покрај тоа што мислев дека сме пријатели.)