Мали трикови за заштеда на време

За тоа дека времето е пари веќе е добро познато, но вие никако да успеете да заштедите ниту време, ниту пари.

msli-trikovi-za-zasteda-na-vremeto-01

Не затоа што имате толку многу обврски, иако така ви се чини, туку затоа што го трошите на ситници, кои навидум не ги забележувате или сметате дека не е ништо страшно ако потрошите некоја секунда или минута.

Сепак, токму тие ситни моменти за неважни активности кога ќе се соберат ви го даваат точното изгубено време за кое сте можеле да завршите некоја поголема и многу поважна работа.

Затоа, научете од грешките, забележете на што посветувате дел од своето време и престанете да го правите тоа.

1. Правило „двојка“

-Секогаш одредувајте два настана во денот, еден службен, еден приватен околу кои ќе ги организирате сите останати.

2. Утринска рутина

- Иако повеќето првите 2 часа ги користат за кафе, интернет сурфање и разговори, вие ограничете го тоа на 30 минути, а со тоа ќе заштедите на прекувременото останување.

3. Не го проверувајте меилот секоја секунда

-Направете некој временски лимит за тоа колку пати ќе го проверувате меилот, за да не се деконцентрирате со постојаното ѕиркање и да губите континуитет во работата.

msli-trikovi-za-zasteda-na-vremeto-2.jpg

4. Научете да кажете „Не“

-Ако некој сака да се состане со вас, а вие немате време, подобро да најдете начин да го одбиете отколку за да угодите некому да го изгубите своето време.

5. Променете ги навиките

- Речиси сите имаат барем 3 работи кои може да ги отфрлат. Гледање на некоја серија, постојаното проверување на Фејсбук или грицкање чипс од досада.

6. Во чекална

- Доколку мора да чекате некаде, тоа е одлично време за да ги завршите сите телефонски разговори и да одговорите на сите пораки кои ве чекаа во текот на денот.

msli-trikovi-za-zasteda-na-vremeto-3.jpg

7. Носете опрема

- Ако одите на тренинг после работа, носете ја опремата со себе наместо да се враќате до дома. Нема ништо срамно и необично во тоа.

8. Гответе за повеќе денови

- Идејата да стоите над шпорет секој ден не е воопшто привлечна, а доколку си подготвите поголема количина храна ќе заштедите и на време и на материјал.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg