Забавна географија: Kако се преживува мамурлакот во земјите низ светот?
Летниот одмор е период кога сите се опуштаме, забораваме на обврските, проблемите и посегнуваме по алкохол, а веќе следното утро со голема главоболка ползиме до кујната по чаша вода...
Тоа е сценарио кое на сите ни е и повеќе од познато.
Но, овие земји имаат да понудат еден поинаков вид на „лекување” на мамурлак, иако нема гаранција дека функционираат сепак вреди да ги пробате:
Англија
Во оваа земја како брз лек против мамурлакот се користи колбас замотан во мрсно лиснато тесто, но сепак како најдобро решение се издвојува оригиналниот англиски појадок: јајца, сланина, грашок, домат, печена пиперка, печурки и леб или тост намачкан со путер.
Шкотска
Соседите на Англија исто така преферираат пржено и нивен специјалитет против мамурлакот се „haggis” колбасите од овчо месо и црниот пудинг заедно со печиво од компир. Целиот тој оброк го зачинуваат со свеж безалкохолен пијалак богат со кофеин. Овој пијалак народно е познат како втор национален пијалак на Шкотланѓаните, секако откако ќе претераат со првиот национален пијалак - вискито.
Италија и Сицилија
Италијанците не се комплицирани кога станува збор за мамурлак, туку тие се препуштаат во рацете на кофеинот и предлагаат да испиете еспресо и да се стрпите додека не ви помине. Можеби нема да ви се верува, но на Сицилија не им се допаѓа оваа идеја и тие го користат својот стар лек- џвакање на сушено месо од пенис на бик. Сицилијанците тврдат дека има вкус на сушено говедско месо, а ваше е дали ќе пробате...
Турција и Германија
Турците не можат да одолеат на шкембе чорбите кои ги комбинираат со лук, оцет, млеко, сланина, јајца или лимон. Ако не сте голем обожавател на шкембето, тогаш со сигурност нема да ви се допадне ниту германскиот лек наречен „Katerfruhstuk”- скиселена харинга, краставица и лук. Станува збор за оброк богат со протеини кој за кратко време ќе ве врати во нормала.
Тајланд и Јужна Кореја
Во Тајланд се консумира оброк кој има сосема прикладен назив - „пијани тестенини”. Станува збор за јадење кое сочинува тестенини, печен ориз со месо или тофу, соја, лук, зеленчук...
Додека пак, во Јужна Кореја хит лекот против мамурлак е наречен „haejangguk” и станува збор за чорба со свинско месо, зелка, јајца, грашок и згрутчена крв од бик...веројатно добро ви звучеше додека не ја прочитавте последната состојка.
Нов Зеланд и Мексико
Опиените души во Нов Зеланд се лекуваат со мелено месо и сирење, а како десерт пијат чоколадно млеко со малку сол.
Кога ќе се спомене Мексико, веќе сигурно го погодувате лекот. Откога ќе се препијат текили, Мексиканците посегнуваат по чили пиперките, лукот и морската храна.
Бразил
Откога ќе се изнапиете од популарниот бразилски пијалак „caipirnha”, на вашето дневно мени против мамурлак ќе ви бидат сервирани гулаш од риба со кокосово млеко, бел лук, коријандер и масло од палма.
Канада
Канаѓаните го лекуваат мамурлакот со чипс натопен во свежо сирење и намаз, додека пак традиционалниот американски лек е соја, шеќер, бибер, живи јајца, лут намаз и сок од домат.
Лас Вегас
Како и за сѐ останато, па така и за мамурлакот градот на ноќните лудории нуди посебен третман. Со автобусот наречен „Рај за мамурлак”, наместо да се мачите целиот ден едноставно им плаќате на стручњаци да си ја завршат работата и да ве извлекуваат од лошиот мамурлак.
Лекувањето на мамурлак се случува преку инфузија, со чија помош си ја враќате изгубената течност во организмот и за кратко време повторно сте подготвени за луда ноќ.