Дали знаете зошто невестите носат бело?

Ако мислите дека причината и симболиката на белата венчаница поттикнува од мотивот на невиноста на невестата, грешите. Првата бела венчаница се појавила на кралска венчавка пред околу 200 години и се поврзува со сосем друга приказна.

dali-znaete-zosto-nevestite-nosat-belo-01

Кога кралицата Викторија се омажила за својот роднина Алберт во 1840 година, направила радикална одлука, да се омажи во свилено-сатенски бел фустан, а со тоа направила традиција која се задржала до денес.

Носењето фустан во бела боја на кралска венчавка до 1840 година било нечуено. Главно се одбирале сребренкасти тонови, а можело да биде и зелена или жолта венчаница. Никогаш претходно не се случило кралица да носи бело.

Сепак, белата венчаница немала никаква врска со невиноста на невестата, туку со луксузот и чистотата.

Всушност, белата венчаница тешко може да остане бела ако ја облече девојка која работи на поле, туку само во дворски услови.

Се верувало дека брзо ќе се надмине овој тренд кој го наметнала кралицата Викторија, бидејќи нема никаква корист од тоа да се има толку убав фустан, а да не може да се носи и по венчавката, со оглед на тоа колку е чист и бел.

dali-znaete-zosto-nevestite-nosat-belo-2.jpg

Но, наместо тоа, трендот останал како традиција, па сега уште значи и луксуз, кој на невестите им дава можност да изгледаат кралски и отмено само на еден ден и е симбол за богатство и луксуз.

Постојат различни верзии на приказната, убавата страна на секоја приказна е дека секоја жена барем на еден ден, заслужува да се почувствува како кралица.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg