Икеа знае како да ве натера веднаш да си го гушнете креветот
Со оглед на тоа што една третина од животот го поминуваме во спиење, многу е важно каде и како го правиме тоа.
Рекламата на Икеа, снимена во Јоханесбург, продуцирана од агенцијата Моther, London изгледа сосем нереално и како да не може да биде вистински снимена, туку компјутерски продуцирана со вметнати сцени и ефекти..
Но, таквото мислење е сосем погрешно. Повеќето ефекти, колку и да ви се чинат неверојатни, направени се со директно учество на главните протагонисти.
Многуте кревети по кои се превртува девојката се подигнувани и придржувани со кранови, над зградите.
Како и после сите соништа, оваа реклама ни укажува на тоа дека без разлика на соништата и кошмарите нема поубав и поудобен кревет од оној кој го имаме дома.
Погледнете ја рекламата на Икеа и гушнете си го креветот дома: