Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како промената на пасвордот му го променила животот

Еден ден Маурисио Естрели стигнал на работа нервозен. Доцнел, се брзал. Имал само 20 минути до состанокот, а во главата му се вртела една мисла - „Како можеше да ми го направи тоа?“ Бил во процес на болен развод.

promenata-na-pasvordot-mu-go-promenila-zivotot-01.jpg

Во тој момент, кога го вклучил компјутерот сфатил дека лозинката за логирање му е веќе истечена. Имал малку време до состанокот, а пред себе имал една голема препрека т.е. чисто губење на времето.

Секако, на работа мора да имате пасворд од најмалку 8 карактери, еден со голема буква, бројка и не смее да се повторува. Тогаш, Маурисио се сетил на советот од неговиот поранешен шеф - „искористи го пасвордот за да го промениш животот!“

Бил болно свесен која цел сака да ја постигне, затоа што на емотивен план бил прилично изгубен. Тогаш му текнало. Неговиот нов пасворд ќе гласи: Forgive@h3r, односно „прости и.“

Тој едноставен чин му го променил начинот на кој до тогаш размислувал за бившата жена, својот брак и депресијата во која секојдневно тонел.

Овие зборови морал да ги напише неколку пати дневно, во текот на 1 месец, пред да разбере дека токму тоа му го поправа расположението.

Откако разбрал дека лозинките може да станат негови животни предизвици кои влијаат на квалитетот на животот, се одлучил да ги промени работите кои отсекогаш посакувал, но не бил доволно силен.

Така, со текот на времето лозинките се менувале:

Quit@smoking4ever - Остави ги цигарите засекогаш

Save4trip@thailand  - Штеди за пат на Тајланд

Eat2times@day - Јади 2 пати дневно

Sleep@before12  - Легнувај пред полноќ

Ask@her4date - Покани ја на состанок

No@drinking2months - Немој да пиеш 2 месеци

Get@c4t! - Набави мачка

Facetime2mom@Sunday - Разговарај со мајка ти во недела

Денес Маурисио е непушач, отпатувал до Тајланд, легнува пред полноќ, повторно се заљубил, не пие веќе долго време и има најдобар пријател - мачор.

Неговиот последен предизвик кој очекува дека ќе му го промени животот е неговиот најнов пасворд:

Save4@ring - Штеди за прстен!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg