Свето правило на маркетингот: Нe постои нешто што женското тело не може да го продаде
Здолништата од година в година се сè пократки, деколтето сè подлабоко, а рекламите изобилуваат со експлицитни фотографии на голо, разоткриено женско тело и секси сцени.
Убедувајќи нè да купиме разни производи и да живееме во одреден стил, маркетинг стручњаците не се воздржуваат во секоја ситуација и по секоја цена да нè остават со подзината уста.
Велат дека важен е впечатокот, а ништо не остава посилен од згодното женско тело.
Многу од славните ѕвезди во странство лесно се разголуваат и прифаќаат да бидат дел од провокативни рекламни кампањи за некој моден или козметички производ .
Каков и да е производот, штом до него се појави позната згодна девојка, и тој ќе биде забележан.
Не само што ќе биде забележан, туку и нема да биде заборавен, односно асоцијацијата со девојката од рекламата останува долго во меморијата, а тоа е целта на секоја компанија.
Според некои истражувања се покажало дека влијанието на девојката од рекламата е и психолошко, бидејќи прават да се чувствувате посреќно и позадоволно кога ќе го купите истиот производ, поврзувајќи се со неа.
Постојат и такви реклами кои претерале со својата експлицитност, па се забранети за емитување. Но, и во тој случај го привлекуваат вниманието за да се открие зошто е забранета.
Од друга страна се поставува прашањето колку некој знае да ја повлече границата помеѓу пристојното и вулгарното.
Сепак, женското тело не треба да биде на продажба, туку максимумот е да заведе и привлече, а производот е оној што треба да се продаде.