Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 начини како да го продолжите животниот век на костимот за капење

Повеќето костими за капење имаат рок на траење од една до две години, а тој рок подразбира избледување на бојата, растегнување на ластици...

9-nacini-da-go-prodolzite-zivotniot-vek-na-kostimot-za-kapenje-01.jpg

Вие можеби и не сте го носеле долго, но сепак начинот на кој го третирате костимот за капење се одразува врз неговата долготрајност, односно краткотрајност.

Дали знаевте дека костимите за капење бараат посебна нега за одржување?

1. Проверете ја етикетата

Кога купувате облека сигурно пред да ја перете ја погледнувате етиката со упатства, па затоа истото важи и за костимот за капење. Доколку на него имате некои додатоци, тогаш не ставајте го машина за перење туку исперете го рачно, а за сите останати костими за капење погледнете на етикетата.

2. Подгответе го костимот за капење

Еден ден пред да го облечете костимот за капење ставете го да постои во ладна вода и додајте една кафена лажичка оцет. На тој начин, ќе го заштитите од солта во морето, хлорот во базенот и од можното избледување.

3. Нега на вашето тело

Освен што ќе обрнете внимание на костимот за капење, внимавајте при нанесување на млекото за сончање. Најдобро е пред да го облечете костимот, да нанесете млеко за сончање и да почекате убаво да се впие во кожата и дури потоа да го облечете. Разните креми за потемнување и млека за заштита од сончање ги уништуваат материјалите на костимите за капење.

4. Внимавајте каде седнувате

Без разлика дали станува збор за песок, дрвена столица или бетон простирајте го вашиот пешкир и седете на него.

5. Избегнувајте ја жештината

Врелата вода, жешките сушални и директното сушење на сонцето го скратуваат рокот на траење на вашиот костим за капење. Ако сте љубители на џакузи, набавете си посебен костим за капење само за таа пригода.

6. Редовно перење

Најдобро е со вас да носите два костими за капење, па штом ќе излезете од вода да го исперете оној кој сте го носеле. Водата од базените, но и од морињата или езерата предизвикува оштетување на материјалот.

7. Внимавајте при перење

Перењето на рака со ладна вода и неколку капки течен детергент или сапун е најдобриот начин за чистење на костимот на капење. Внимавајте при цедењето и неговото растегнување, за да не го оштетите.

8. Внимавајте при сушењето

За да го спречите растегнувањето, не го закачувајте со штипки или на жица, туку постелете пешкир и претходно исцедениот костим за капење оставете го на пешкирот. Доколку го оставате на жица, од тежината на водата вашиот костим ќе се растегне.

9. Место на чување

Костимот за капење најдобро е да го чувате во вашиот гардеробер, односно место во кое има доволно вентилација, а не го допираат сончевите зраци. Ако морате мокриот костим за капење да го спакувате, не заборавајте во кесата во која сте го ставиле да направите неколку дупчиња.

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg