Кој сака да омажи милионер?
Мистериозен милионер кој решил со некој да подели добро, зло и богатството, бара жена на необичен начин. Тој ја најмил Џенис Спиндел од...
... Њујорк да објави се што тој поседува наместо него, што вклучува и реклами на телевизија, новинарски колумни како и емитување на видео спотови на интернет страниците.
Идентитетот и понатаму ќе остане тајна, но постојат некои работи кои подобрите кандидатки мораат да ги знаат. Освен фактот што тој е милионер, тој е “висок и маркантен, вози американски автомобил и има 44 години”, а остатокот ќе биде откриен доколку добиете пролазна оценка кај Џенис.
Најчестото прашање кое и е поставувано на Џенис (која инаку е “виновник” за 867 бракови), е: “Ако е толку совршен, зошто му треба оглас?”
“Тоа е затоа што е премногу зафатен. Цел свој живот трчаше по пари, а пријателите го праќале на милионски ужасни состаноци на слепо, па решил попрофесионално да се позанимава со својот брачен статус”, одговара Џенис самоуверено на медиумите кои се повеќе се заинтересирани за овој случај.
Дека не може толку лесно да се аплицира, зборуваат и неговите остри критериуми. Имено, доколку сакате да станете жена на милионер мора да сте високи над 1.67 cm, да сте убави, паметни со јако и здраво тело, и секако мирен живот.
Сите заинтересирани млади госпоѓици можат да аплицираат, но мора да ве предупредиме дека секоја апликација чини 25 долари.