Што да направите ако ви се плаче и уште 5 психолошки трикови за непријатни ситуации
За да ги запрете солзите во непогоден момент, погледнете нагоре и задржете го воздухот неколку секунди, па издишете бавно.
Непријатните ситуации се нормален дел од животот, но јасно е зошто сите сакаме да ги избегнеме.
Потреба за кивање додека сте на важен состанок, несигурност кога запознавате некој нов, па и солзи во непогоден момент – сето ова се работи што можат да му се случат секому.
Но, има психолошки трикови кои можат да ви се најдат во вакви ситуации:
Исчешајте го увото ако ве чеша грлото
Чешањето во грлото е навистина непријатно искуство, најмногу бидејќи нема како да се исчешате.
Ако сте во друштво, наместо постојано да поткашлувате, пробајте да си го исчешате увото.
Стимулирањето на нервите во увото може да помогне да се намали чувството на чешање во грлото.
Притиснете го јазик на непцето за да спречите кивање
Ако сте на место каде што ви е непријатно да кивнете, притиснете го јазикот на непцето, зад предните заби.
Со ова ќе го потиснете нагонот за кивање.
Но, ако страдате од алергии, овој трик можеби нема да ви помогне и ќе треба да се консултирате со лекар за терапија.
Следете го однесувањето на другите кога се запознавате со некого
Ако чувствувате несигурност и анксиозност кога запознавате некој, секогаш можете да го следите однесувањето на оние кои веќе ги знаете.
Поздравете се, претставете се, и следете ги другите. Обрнете внимание за што разговара и пробајте да се вклучите во разговорот за таа тема.
Ако сте сами кога првпат сретнувате некого, можете да искористите и шега за да го „скршите мразот“ – на пример, пошегувајте се дека запознавањето нови луѓе може да биде стресно.
Исто така, за да делувате пријателки настроено, бидете целосно свртени кон новиот познаник, вклучително и со стапалата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





