Најстарите парчиња облека и модни додатоци кои се најдени досега
Најстариот џемпер
Најстариот џемпер беше пронајден во 2013 година, во Норвешка.
Се претпоставува дека е стар околу 1.700 години, а е изработен од волна.
Најстариот градник
Најстариот градник е пронајден во Австрија, заедно со уште 2.700 парчиња облека.
Експертите проценуваат дека потекнува од 1390-тите до 1940-тите години.
Најстарата чанта
Најстарата чанта е пронајдена во Германија и се проценува дека е направена пред околу 4.500 години.
Украсена е со над сто заби од кучиња и други животни и експерти претпоставуваат дека тој период ова било некаков тренд бидејќи се најдени и други модни додатоци со слични декорации.
Најстарите очила
Најстарите очила што се најдени се направени од предците на денешните Инуити кои живееле во најсеверниот дел на Канада.
Изработени се од коска, кожа и дрво, а се проценува дека се направени пред околу 2.000 години.
Имаат специфичен дизајн бидејќи имале за цел да ги заштитат очите од одблесокот на сонцето на снегот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





