Јадење пепел од кремирано тело и уште 7 луди обичаи од земјите ширум светот
Повеќето гробишта во Данска се направени како паркови, па луѓето ги посетуваат рекреативно.
Секој народ си има свои обичаи и навики кои за другите може да звучат лудо.
На пример, сигурно постои личност од друга земја која се чуди и за некој наш обичај или традиција.
Во продолжение, пак, погледнете дел од странските обичаи што нам ни изгледаат чудно:
Користење лева рака
Во неколку земји ширум светот неучтиво е да се поздравите и да подадете храна или што било со лева рака.
Во земјите како Индија и Шри Ланка, левата рака се смета за „нечиста“.
Во Русија има „Ден на зачнување“
Во Русија, на 12-ти септември се прославува таканаречениот Ден на зачнување.
Празникот постои од 2005 година, а паровите кои ќе добијат дете во јуни (односно дете кое било зачнато на празникот) добиваат подарок од локалната влада.
Идејата зад празникот е да се зголеми наталитетот во Русија.
„Плукање“ на младенците во Грција
Според стара грчка традиција, гостите треба трипати да ги „плукнат“ младенците за да им посакаат среќа.
Секако, обичајот не значи дека гостите буквално ги плукаат младенците, туку само имитираат звук.
Но, во минатото, можеби и не било само имитација.
Легнување за покажување почит во Нигерија
Народ во Нигерија, Јоруба, има интересен обичај за покажување почит.
Кога сакаат да ѝ покажат почит на повозрасна личност, жените клекнуваат, додека мажите дури и легнуваат на земјата.