Шведски бон-тон правила што би сакале да почнат да се применуваат и кај нас
Не го прескокнувајте редот
Кај Швеѓаните нема да најдете луѓе што упорно бараат начин да го прескокнат редот и да се истуркаат напред „само за да прашаат“ нешто, како што тоа се случува кај нас.
Очекувајте дека тие веднаш ќе ви замерат за таквото однесување, затоа што тие очекуваат да бидете ладнокрвни и смирени, а вашиот ред кога-тогаш ќе дојде.
Никогаш не се одбива „фика“
Фика е пауза за кафе, во која Швеѓаните уживаат со десерт или колачи. Кај нив е познато дека поканата за фика не се одбива.
А, често можете да видите и луѓе што сами уживаат во кафето и десертот и тоа е нивниот период од денот за опуштање.
Не честите пијалаци без прашање
Кај нас е сосема вообичаено некој на масата да нарача пијалак за сите и да почести, но на Швеѓаните веднаш ќе им стане незгодно ако го направите тоа.
Кај нив важи правилото дека секој сам треба да си плати за пијалакот или за тоа што го нарачал.
Не доаѓајте порано до договореното
Вообичаеното време за ручек во Шведска е околу пладне, а за вечера од 17 до 20 часот. Ако некој ве покани на вечера, потребно е да дојдете навреме или да не доцните подолго од 15 минути.
Во никој случај нема да им се допадне ако дојдете порано од договореното.
Соблечете ги чевлите
Кога одите на гости, Швеѓаните очекуваат да прашате дали треба да ги соблечете чевлите. Тие не ги соблекуваат чевлите само на формални настани.
Б. С. Б. | Црнобело