Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме

Најдобро е да ја чуваме старата облека (за секој случај)

Ако ја имате оваа навика, запрашајте се колку парчиња облека во гардероберот не сте ги облекле повеќе од една година.

Облеката која не ви е точна, веќе не е во мода, е отштетна или повеќе не е во ваш стил е облека што никогаш нема да ја облечете.

Па, доколу не е оштетена, донирајте ја. Доколку е неупотреблива, фрлете ја.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-06.jpg

Мора да пеглате сè

Некои баби и мајки имаат навика да пеглаат буквално сè, вклучувајќи долна облека, постелнина, па и чорапи.

Денес ретко кој има време да помине цел ден во пеглање, па немојте да се чувствувате лошо ако ги пеглате само оние парчиња за кои пеглањето е неопходно.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-07.jpg

Тетоважите се само за млади

Обично повозрасните веруваат дека секоја драстична промена во изгледот по одредена возраст е необична. Слично мислење постои и за тетоважите.

Но, не треба да дозволите ова застарено верување да има влијание врз вас.

Ако сакате тетоважа, направете си, без разлика дали имате 20, 60 или повеќе години.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-08.jpg

За посебни пригоди треба да се купува нова облека

Веројатно имате барем едно парче облека, како свечен фустан, кој сте го купиле за свадба или нешто слично, а сте го облекле само еднаш.

Обично ова се парчиња што ги плаќаме многу скапо и на крај само „фаќаат прашина“ во гардероберот.

Во ред е да купите нешто ново за некоја посебна пригода, но осигурете се дека ќе биде облека што ќе ја носите и другпат.

Истовремено, не заборавајте дека сосема во ред е да облечете и облека што веќе ја имате.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-09_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg