Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел)
Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емотикони, со цел да ги искажеме своите емоции, или да покажеме каква е нашата реакција на некои објави. Но, дали ги употребуваме правилно?
При изборот на емотикони најчесто се водиме од изгледот на изразот на лицето или сликичката и ретко обрнуваме внимание кое е нивното вистинско значење...
Дали сте сигурни дека го знаете точното значење на сите емотикони и дека ги користите правилно?
Во продолжение погледнете 10-тина емотикони што најчесто се користат погрешно:
Не, ова не е возбуден израз, туку се користи не кога некој ќе ве изненади, туку кога ќе ве остави без зборови.
За да покажете дека сте изненадени побарајте го емотиконот со широко раширени очи.
Ова не е симбол дека сте кул, туку означува „те сакам“. Емотиконот е инспириран од знаковниот англиски јазик, на којшто со ваков облик на раката се вели „те сакам“.
Ако не верувате само пребарајте на Гугл како изгледа „I love You emoji“.
Ако некому сакате да му кажете дека е „кул“, искористете го емотиконот на којшто палецот е свиткан.
Овој емотикон не се користи за некому да му речете „чао“, туку намената му е да му кажете некому дека го прегрнувате и дека му давате поддршка. Рацете на емотиконот се раширени и подготвени за прегратка, иако можеби не ви изгледа така на прв поглед.