Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии?

Dior Lady D чанта

Оваа чанта го носи своето име со причина – првиот модел бил направен за принцезата Дијана, која ја носела речиси на сите важни настани. Затоа важи за еден од најпопуларните модни аксесоари, но лошата страна е што има и голем број копии.

Оригиналната чанта е направена од вкупно 130 парчиња јагнешка кожа и биле потребни околу 8 часа за да се изработи. Рабовите на чантата треба да бидат рамномерни и уредни.

Копиите најлесно можете да ги детектирате според рачките кои „шетаат“ од страна во страна, додека кај оригиналот се цврсти и структурирани.

adidas-patiki-dizajnerska-obleka-kako-da-razlikuvate-originali-od-evtini-kopii-03.jpg

Burberry шал

Оригиналниот шал секогаш има точно дефинирани линии и рамна текстура.

Ресите треба да бидат добро извиткани и со рамномерно растојание меѓу нив и да не се распаѓаат при допир.

Името на брендот е напишано со големи букви и на етикетата има информации за земјата на производство и материјалите од кои е изработен шалот.

adidas-patiki-dizajnerska-obleka-kako-da-razlikuvate-originali-od-evtini-kopii-05.jpg

Скапи часовници

Скапите часовници најчесто имаат добри механизми, па затоа работат потивко (речиси нечујно). Ако го доближите часовникот до увото и слушнете како отчукува гласно, тогаш многу веројатно станува копија.

Гравурите на часовниците често се изострени и оригиналите се потешки затоа што се изработени од поскапи и потешки материјали од копиите.

adidas-patiki-dizajnerska-obleka-kako-da-razlikuvate-originali-od-evtini-kopii-06.jpg

The North Face јакна

Секоја буква од логото е извезена посебно и не треба да има конци меѓу нив.

Патентот мора да ги има буквите YYK и на копчињата треба да го има логото на брендот во форма на три свиткани линии.

Во внатрешноста на јакната има етикети со холограм што потврдува дека јакната е оригинал. Ако нема холограм тогаш треба да знаете дека купувате копија.

adidas-patiki-dizajnerska-obleka-kako-da-razlikuvate-originali-od-evtini-kopii-10.jpg

Adidas патики

Погледнете ги убаво линиите на логото на задниот дел од патиките. Растојанието помеѓу линиите кај оригиналните патики секогаш е еднакво, додека тоа не е случај кај евтините оригинали.

Исто така, погледнете ја изработката на рабовите. Кај оригиналните патики конецот е што е можно поблиску до работ на патиката и растојанието меѓу рабовите е еднакво.

Последен и најчест показател е ако ги свртите патиките и погледнете на ѓонот. Кај оригиналите, бројот на патиката го нема на ѓонот, а ако забележите таква ознака тогаш најверојатно станува збор за копија.

adidas-patiki-dizajnerska-obleka-kako-da-razlikuvate-originali-od-evtini-kopii-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Како да откриете дали купувате оригинал или ви продаваат копија од познатите брендови? Патики Adidas, часовници на брендот Tissot, но и iPhone мобилни - како да п...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg