Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии?
Како да знаете дека часовникот што го купувате е оригинал, а не евтина копија? На што треба да внимавате кога купувате Adidas или New Balance патики? По што се разликуваат оригиналите од евтините копии?
Како да знаете дали парчето облека што го купувате е евтина копија или оригинал? Постојат повеќе детали што може да ви укажат на тоа дека облеката или аксесоарот што го купувате е оригинал и навистина вреди за парите што ги плаќате.
Во продолжение издвојуваме некои од најчесто копираните парчиња облека и аксесоари и деталите според кои оригиналот се издвојува:
Yves Saint Laurent чанта
Овие чанти се сон за голем број жени во светот, па затоа дизајнерите на брендот работат напорно за секоја сезона да креираат нови модели со врвен квалитет, а истото не може да се каже и за евтините копии.
Оригиналните чанти имаат единичен рабови што треба да се со еднакво растојание и елегантни. Ако забележите двојни рабови или каква било неправилност во линијата на работ, најверојатно се работи за копија.
Кај оригиналните чанти, прерамката се вади, а кај копиите тоа често не е случај.
Guess часовник
Ременчињата на овие часовници се изработени од метал, силикон или природна кожа. Ако забележите непријатна миризба на производот, нерамномерна боја, пукнатини, гребнатини или други неправилности на ременчето, тоа значи дека пред себе имате копија.
На задниот дел од часовникот има основни информации за него: лого со името на брендот, материјалот од којшто е изработен часовникот (по правило е челик - steel) и податоци за механизмот на часовникот.
Со оглед на тоа што Guess користи само оригинални јапонски механизми, на задниот дел ќе биде изгравиран натписот Japan Movt.
Дизајнерска облека
Етикетите на облеката ви даваат основни податоци за производството, но може да ви укажат на тоа дали парчето што го купувате е дизајнерско или обична копија.
Имајте предвид дека кај дизајнерските парчиња облека се внимава на секој детаљ, па и етикетата е изработена внимателно, што често не е случај кај копиите.
Исто така, погледнете дали постои разлика меѓу ознаката на големината и основната етикета. Кај оригиналната облека, и двете етикети се изработени од ист материјал со ист фонт на натписот и со еднаква оддалеченост меѓу буквите.
Кај поскапите брендови често е впишан и сериски број на етикетата.
New Balance патики
Кај овие патики ќе видите ознаки на брендот на задниот дел од патиката, јазикот, на страничниот дел од патиката, на страничниот дел од ѓонот, на самиот дел од ѓонот и во внатрешниот дел од ѓонот.
Страничното лого на патиката во форма на буквата „N“ е како пришиен дел, и најчесто тоа е единствената ознака на брендот што е застапена кај копиите.
Исто така, кај оригиналните модели ќе забележите дека тие имаат мек ѓон, што е изработен од пенест материјал, што лесно се витка и брзо се враќа во оригиналната состојба. Заштитниот дел на ѓонот е изработен од гума.
Во внатрешниот дел од оригиналните патики има лого и информации за патиките.