Предвидувања на баба Ванѓа за 2024-та: Економска криза, но и лек за рак
Што предвидела за 2024 година?
Повторно нагласуваме дека пророштвата на баба Ванѓа се двосмислени и можат да се толкуваат на разни начини.
Истовремено, нема цврст доказ дека се токму нејзини.
Па, не дозволувајте да ве вознемират ако изгледаат малку мрачни.
Наводно, баба Ванѓа предвидела дека следната година ќе има успешен обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин.
Исто така, предвидела дека терористичките напади низ Европа ќе зачестат, како и дека некоја голема држава ќе тестира биолошки оружја.
Според баба Ванѓа, следната година ќе има голема економска криза што ќе ја почувствува целиот свет.
Наводно, причината ќе бидат неколку фактори, како геополитичка тензија и зголемената економска моќ на Истокот.
Таа предвидела и дека следната година ќе се соочиме со многу природни катастрофи. Ова можеби не е далеку од вистината бидејќи веќе ги чувствуваме ефектите од климатските промени.
Би требало да се подготвиме и за повеќе хакерски напади кои ќе биле насочени на уништување на инфраструктурата на некои земји.
Баба Ванѓа имала и неколку добри предвидувања за следната година.
Според неа, ќе има огромен напредок во медицинските истражувања, особено за сега неизлечливи болести, како Алцхајмер.
Исто така, следната година ќе бил откриен и лек за рак.
Наводно ќе има огромен напредок и во технологијата, особено кај квантните компјутери.
Интересно е што некои компании веќе направија значителен напредок во оваа област, што значи следната година дефинитивно можеме да очекуваме повеќе.
Прочитајте и: Колку вистина има во пророштвата на баба Ванѓа и што предвидела за 2023 година?
Спирова С. | Црнобело