Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес)
Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет часот наутро. Оттогаш ѝ се губи секаква трага, но во 2021-ва, на 500 километри од нејзиниот дом, беше пронајдено нејзиното стапало. Мелиса беше прогласена за мртва, но нејзиното тело не е најдено до денес.
Обичнo милионерите се луѓе со огромно обезбедување и се чинат недопирливи. Но, некогаш се случува и тие да исчезнат.
Во повеќето случаи полицијата успева да ги најде, но судбината на дел од нив изгледа засекогаш ќе биде мистерија.
Исчезнати милионери за кои никој не знае што им се случило:
Дон Луис
Дон Луис исчезнал во 1997 година, а во 2002 бил прогласен за мртов, без разлика што не е најдена никаква трага од него.
На денот на неговото исчезнување, богатството на Дон изнесувало нешто повеќе од 5 милиони долари.
Тој заработувал разнесувајќи роба, продавајќи недвижнини и препродавајќи половни автомобил.
Во август 1997-ма, Дон излегол од дома околу шест часот наутро. Бил со неговото возило со кое требало да разнесе неколку нарачки.
И, оттогаш му се губи секаква трага.
На 20-ти август било пронајдено неговото возило во близина на аеродром. Дон бил сопственик на неколку авиони кои се наоѓале на аеродромот, но во тој момент му била суспендирана лиценцата за летање.
Истрагата не покажала ништо значајно, освен дека немало знаци на насилство, како и дека никој не ги користел неговите картички.
Па, во 2002-ра, Дон бил прогласен за мртов.
Сепак, постојат разни, неофицијални гласини за неговото исчезнување.
Некои тврдат дека Дон бил убиен од сопругата бидејќи наводно му се заканувала со пушка, а и тој самиот ја пријавил за домашно насислтво.
Нормално, сопругата ги негира овие гласини и до денес не е познато што точно му се случило на Дон.
Мелиса Кадик
Мелиса Кадик од Австралија исчезнала во 2020 година и уште не е најдена.
Зад себе остави богатство од околу пет милиони долари кои ги стекнала мамејќи инвеститори, вклучувајќи и нејзини пријатели и членови на семејството.
Во ноември 2020-та, властите веќе знаеле за криминалните дејствија на Мелиса, па го пребарале нејзиниот дом.
Следното утро, таа исчезнала – последен пат била видена од нејзиниот син, и тоа околу 5 часот наутро.
Таа излегувала од домот, а син ѝ помислил дека оди да трча.
Камила оставила сè во домот, вклучувајќи го и нејзиниот телефон, и оттогаш не е видена.
Најбизарно е што во февруари 2021-ва, на брег оддалечен 500 километри од домот на Мелиса, бил пронајден чевел со човечко стапало.
ДНК анализата покажала дека стапалото е на Мелиса, но до денес не знае како завршило во океанот.
Сепак, експертите сметаат дека Мелиса веројатно умрела, односно се удавила, штом е најдено нејзиното стапало.
Во мај 2023-та, таа и официјално беше прогласена за мртва.