Мајка ѝ умрела под мистериозни околности, 16 години никој не знае каде е: Судбината на сопругата на лидерот на скиентолошката црква
Шели имала важна улога во црквата и според некои гласини била во блиска соработка со Том Круз – најпознатиот скиентолог во светот.
Според некои поранешни членови, Шели била одговорна и за наоѓањето сопруга за актерот.
Иако пред јавноста Шели и Дејвид изгледале како совршен пар, во нивниот брак наводно немало љубов.
Тие никогаш не биле забележани како се бакнуваат или барем прегрнуваат и се чинело дека помеѓу нив нема никаква емоција.
Во 2006 година, Шели и Дејвид биле на крстарење, но Шели се вратила пред сопругот.
Според поранешни членови на црквата, откако се вратил и Дејвид, Шели била видно променета и постојано била со лошо расположение.
Не е познато што се случило на патувањето, но набрзо потоа на Шели ѝ се губи секаква трага.
Шели не се појавила на свадбата на Том Круз и Кејти Холмс во 2006 година, а последен пат е видена на погребот на татко ѝ во 2007-ма.
Оттогаш ја нема видено никој.
Во текот на наредните неколку години, почнаа да се појавуваат секакви гласини за нејзината судбина – многумина сметаа дека била затворена во комплекс на црквата каде што можеби ја измачуваат.
Комплексот во кој се претпоставува дека е затворена Шели
За исчезнувањето на Шели биле поднесени две пријави. Втората беше поднесено во 2013 година, од страна на актерката Леа Ремини која самата била член на црквата.
Но, само неколку часа подоцна, истрагата била затворена, а од полицијата изјавиле дека Шели не е исчезната.
Според некои извори, детективите се сретнале со Шели, но не смееле да откријат каде е, па затоа ја прекинале истрагата.
Црквата долго време молчеше за Шели, но по двете затворени истраги, портпаролот изјави дека немало ништо чудно.
„Таа не е јавна личност и сака нејзината приватност да биде почитувана. Пријавата на Леа Ремини не беше ништо повеќе од желба за внимание“.
16 години од нејзиното последно појавување во јавност, уште никој не знае каде се наоѓа Шели и дали можеби ја снашла истата судбина како нејзината мајка.
Спирова С. | Црнобело