Мајка ѝ умрела под мистериозни околности, 16 години никој не знае каде е: Судбината на сопругата на лидерот на скиентолошката црква
Се претпоставува дека сопругата на Дејвид Мискевиџ – лидерот на скиентолошката црква – била блиска со Том Круз и дека таа му барала сопруга. Но, од 2007-ма ѝ се губи секаква трага. Таа се нема појавено во јавност цели 16 години, а поранешни скиентолози тврдат дека сопругот Дејвид ја држи затворена и ја измачува.
За скиентолошката црква постојат навистина вознемирувачки гласини уште од нејзиното основање во 1950-тите.
Црквата важи за една од најконтроверзните религиски организации и многумина се убедени дека е само институција за собирање пари од богаташи.
И покрај лошите гласини, некои дури и за малтретирање луѓе, црквата си има верни следбеници на чело со Дејвид Мискевиџ кој е лидер на црквата уште од 1980-тите.
Дејвид се држи настрана од јавноста, па веруваме дека не сте слушнале за неговата сопруга – Шели Мискевиџ – која се води за исчезната веќе 16 години.
Најчудно во целата ситуација е што скиентолошката црква тврди дека Шели не е исчезната, само не се појавува во јавност. Но, многумина веруваат дека ова не е точно, па за нејзиното исчезнување имаше и полициска потрага.
Што се случило со Шели Мискевиџ?
Шели Мискевиџ е родена во 1961 година, а нејзината мајка Флоренс долго време била скиентолог, но подоцна се откажала од црквата.
Кога ја напуштила црквата, наводно со себе понела доверливи документи.
Во 1985-та, кога Дејвид Мискевиџ веќе бил еден од лидерите на црквата и во брак со ќерка ѝ, Флоренс била пронајдена мртва со прострелна рана во главата и три прострелни рани на градите.
На нејзините зглобови имало рани кои укажувале дека можеби вила врзувана.
Како причина за смртта било наведено самоубиство, а самиот Дејвид негирал дека има каква било врска со трагедијата. Нормално, многумина не веруваат дека Флоренс извршила самоубиство.
Истовремено, постојат гласини дека додека Дејвид држел говор, изјавил дека Флоренс „си го добила она што го заслужила“.
Шели Мискевиџ прво била член на Sea Organisation – огранок од скиентолошката црква. Наводно, нејзините врски со црквата почнуваат уште од нејзината 12-та година.
Кога наполнила 21 година, во 1982-ра, Шели стапила во брак со тогаш 22-годишниот Дејвид Мискевиџ.
Дејвид постепено напредувал во ранговите на црквата со Шели покрај себе.
Но, според поранешни членови на црквата, ова значело дека се впушта во опасност.
„Во црквата важи закон – колку повеќе се доближуваш до Дејвид Мискевиџ, толку полош ќе биде твојот пад“, тврди поранешна членка во интервју за магазинот Vanity Fair.
Како што спомнавме, во 1985-та мајката на Шели починала, но и покрај гласините дека нејзиниот сопруг е одговорен за смртта, таа останала покрај него.
Во 1986-та, Дејвид станал лидер на црквата, а Шели била позната како „прва дама на скиентологијата“.