На 10-годишна возраст киднапирале и сурово убиле дете – Каде се денес едни од најмладите убијци во историјата?

Роберт Томсон и Џон Венаблс имале само 10 години кога го киднапирале и свирепо го убиле 2-годишниот Џејмс Булџер. Биле фатени речиси веднаш, но откако ја одлежале затворската казна, биле ослободени и добиле нов идентитет. Каде се денес едни од најмладите убијци во светот, чие злодело со години ја згрозува јавноста?

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-01.jpg

Убиството на 2-годишниот Џејмс Булџер од Ливерпул, Англија е едно од најморничавите злосторства за коишто сте слушнале, и тоа од една причина – детенцето било убиено од две 10-годишни момчиња.

Децата биле фатени и добиле затворска казна. Но, биле ослободени, пред едниот од нив повторно да заврши во затвор. Наскоро треба да има и сослушување за потенцијално ослободување или намалување на казната – нешто што ја разгневи мајката на убиеното 2-годишно дете.

Ова е случај кој поттикна многу дебати за тоа како треба да се постапува со деца убијци кога ќе се затворат или евентуално пушат на слобода.

Зошто двете момчиња го извршиле грозоморното убиство?

На 12-ти февруари 1993-та, тогаш 10-годишните Роберт Томсон и Џон Венаблс избегале од училиште.

Според снимки од безбедносни камери, тие го поминале денот во трговски центар, крадејќи разни предмети од продавниците.

Подоцна, момчињата открија дека тој ден имале намера да киднапираат дете и да го турнат на улицата пред трговскиот каде што имало многу сообраќај.

Додека момчињата ја барале нивната жртва, во трговскиот влегла Денис – мајката на 2-годишниот Џејмс Булџер.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-03.jpgЏејмс и мајка му Денис

Таа го држела синчето за рака, но кога влегла во продавница, го пуштила.

Роберт и Џон го забележале ова, па додека Денис била зафатена со купување, го фатиле малиот Џејмс за рака и практично го киднапирале.

Додека Денис да сфати дека Џејмс не е до неа, момчињата веќе излегле од центарот.

На безбедносните снимки од трговскиот центар се гледа и морничавиот момент кога едното од момчињата го држи детенцето за рака.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-07.jpgСнимка од безбедносната камера во трговскиот центар

Најтрагично во целата ситуација е што трите деца биле забележани од многу луѓе, но никој не ни помислил дека ќе следува нешто страшно.

Најпрво децата отишле во близина на канал, на околу 400 метри од трговскиот центар. Овде го бутнале малиот Џејмс кој се здобил со повреди на главата.

Тогаш ги забележал некој маж, но само видел дека Џејмс плаче и не помислил дека се случува нешто лошо.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-08.jpgЏон Венаблс

Потоа момчињата пешачеле 4 километри држејќи го малиот Џејмс за рака и биле забележани од околу 38 луѓе.

Двајца од нив ги прашале што прават и каде одат, но момчињата еднаш рекле дека Џејмс им е брат, а вториот пат дека е изгубен и го носат во полициска станица.

Во еден миг, момчињата пробале да влезат во продавница за миленици со Џејмс, но оттаму биле избркани.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-11.jpgРоберт Томсон

На крај, тие отишле во близина на железничка пруга каде што го убиле беспомошниот Џејмс.

Децата убијци го малтретирале и удирале малото момче, а на неговото тело имало толку многу повреди, што не можело да се одреди која била смртоносната.

На крај, тие го оставиле неговото мртво тело на пругата со надеж дека ќе биде прегазено од воз и на тој начин ќе прикријат дека станува збор за убиство.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-06.jpgПолицаец на местото каде што било убиено детенцето

Телото на детенцето било прегазено од воз, а два дена подоцна го пронашле група деца кои минувале покрај пругата.

Патолозите брзо утврдиле дека детенцето било мртво пред да биде прегазено.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg