Морничавата приказна за „најопседнатата“ куќа во Лондон - Полицајци гледале како се движат предмети
Овој период домот го посетил и фотографот што го спомнавме на почетокот - Греам Морис.
Тој толку се фасцинирал од случајот, што редовно го посетувал домот на семејството, дури и кога од Daily Mirror престанале да го покриваат случајот.
Детската соба
Според него, Џанет, која всушност била многу паметна девојка, едвај зборувала со семејството. Другата ќерка, пак, плачела секојпат кога некој ќе ѝ прозборел,.
Во меѓувреме, домот почнале да го посетуваат и луѓе од таканареченото Здружение за натприродно истражување (Society for Psychical Research).
Џанет со еден од истражувачите
За оние кои веруваат во натприродни појави, друштвото, кое е основано во 1882 година, е сериозно во својата работа и обидите да ги разјасни натприродните појави.
Членовите на друштвото што го посетиле домот забележале звуци кои наликуваат на свиркање и лаење кои секојпат доаѓале од место на коешто стоела Џанет.
Тие верувале дека Џанет и сестра ѝ можеби се преправаат за некои чудни појави, но биле убедени дека дел од инцидентите – како движењето на покуќнината – се поради нешто натприродно.
Имено, девојчињата биле „фатени“ како пробуваат да ги измамат истражувачите, со трикови како зборување со длабок и морничав глас.
Џанет неретко зборувала со туѓ глас, како да е опседната. Едниот од овие гласови наводно му припаѓал на маж по име Бил.
Но, истражувачите забележале дека интонацијата и другите ситници во говорот на Џанет се исти како и оние на Бил.
Со ова се увериле дека Џанет само ја менува длабочината на гласот и сигурно не е опседната. Односно, нема дух кој зборува преку неа, туку зборува таа самата.
Џанет и еден од истражувачите
Домот бил посетен и од Ед и Лорејн Ворен – познати натприродни истражувачи кои се инспирација за филмскиот серијал The Conjuring.
Тие заклучиле дека во домот има нешто натприродно.
Ед и Лорејн Ворен
Во јавноста биле објавувани и аудиоснимки кои наводно го докажувале опседнувањето.
Но, познат американски магионичар – Милборн Кристофер – кој исто така бил во домот, само изјавил дека „духот“ во куќата се трикови и игри на девојче (Џанет) кое е многу паметно.
Кога станува збор за снимките, бројни скептици изјавиле (и до денес изјавуваат) дека сите духови што се слушале на снимките се всушност поради опремата.
Односно, само затоа што звукот не бил постојано чист, не значи дека бил снимен дух.
Истражувачите ги преслушуваат аудиоснимките
Истовремено, сведоците не биле веродостојни, а на познатата фотка на која Џанет наводно лебди повеќе изгледа како да скока.
Иако најверојатно станува збор за измислица, опседнувањето во лондонската куќа до денес останува еден од напознатите и најдебатираните „натприродни“ феномени.
А, без разлика дали верувате или не во приказната на семејството, дефинитивно вреди да го изгледате филмот доколку сакате добар хорор.
;Спирова С. | Црнобело