9 психолошки трикови со кои секогаш ќе дознаете дали некој ја зборува вистината
Внимавајте на промените во гласот
Често кај луѓето што лажат, се менува и тоналитетот на нивниот глас или брзината со која зборуваат. Ако забележите дека тие зборуваат забрзано или забавено, често се случува тоа да биде затоа што се трудат да останат во тек со лагите што ги кажуваат.
Истото важи и за промената на тоналитетот на гласот. Тоа е прв знак за несигурност кај говорителот.
Видете дали понекогаш се замислуваат пред да ви одговорат
Ако поставите прашање на кое одговорот е многу лесен, а на личноста ѝ треба време за да ви одговори, тоа е така затоа што најверојатно веќе смислува што да одговори, а да биде во контекст со лагите што ги кажале.
Исто така, не е во ред и ако веднаш побрзаат да одговорат, затоа што тоа значи дека најверојатно веќе имале подготвен одговор за секој случај.
Гледајте дали има промени во самодовербата
Често, кога луѓето што лажат се сигурни во себе и сметаат дека се одговорни за разговорот, па ќе изгледаат самоуверено.
Но, кога ќе почнете да ги фаќате дека подлажнуваат, одеднаш почнуваат да губат самоконтрола и да се препотуваат.
Одеднаш се затвораат во себе и се повлекуваат.
На крај, спротивставете им се
Ако сметате дека ништо друго не функционира, кажете им ги фактите за кои сте сигурни дека се точни и спротивставете им се дека знаете оти ве лажат.
Ако некој продолжи бесрамно да лаже и понатаму, така што ќе додава само повеќе детали што ви изгледаат сомнително, соберете храброст и признајте им дека знаете дека ве лажат, во спротивно, може да бидете соучесник во нивните лаги.
Б. С. Б. | Црнобело