9 психолошки трикови со кои секогаш ќе дознаете дали некој ја зборува вистината
Како вие вообичаено ги фаќате луѓето што ве лажат? Постојат 9 проверени психолошки трикови што може да ви помогнат да откриете кога некој не ја зборува вистината. Дали ви се случило некого да фатите во лага и како?
Постојат луѓе што не можат да издржат 10 минути без да кажат лага. Понекогаш ви се чини дека нивните лаги се лесно воочливи, но не сакате да им се спротивставите затоа што не сте сигурни дека нивните приказни се измислица.
Во продолжение погледнете низ илустрации, 9 корисни трикови што ќе ви помогнат веднаш да забележите дали некој не ви ја кажува вистината и се обидува да ве излаже:
Замолете ги да ви ја кажат вистината, но од крајот кон почетокот
Обично кога луѓето лажат тие во главата веќе имаат измислена приказна од почеток до крај. Ако треба да ја кажат од крајот кон почетокот, се чувствуваат под стрес, затоа што тоа не го извежбале.
Тоа значи дека лажењето им станува отежнато, заради што забораваат детали што претходно сликовито ги опишале и стануваат сѐ понервозни.
Кога некој ја зборува вистината, колку и да е неверојатна, нема да има проблем да ја раскажe и од крајот кон почетокот.
Изненадете ги
Ако мислите дека некој ве лаже, уфрлете некое потпрашање, и потрудете се тоа да биде колку што е можно поспецифично.
На тој начин тие ќе мора уште толку многу да навлезат во детали, па на крај сами ќе се издадат дека ја „филувале“ приказната.
Проверете дали нивната приказна е нејасна
Тие што лажат понекогаш изоставаат детали затоа што не знаат како да ги вклучат во приказната што ви ја раскажуваат.
Внимавајте на тоа дали нивната приказна е нејасна или недетална.
Понекогаш тоа го прават и за да ве спречат да им поставувате прашања за кои немаат одговор.
Внимавајте на насмевката
Понекогаш, луѓето кога лажат знаат почесто да ги стискаат усните, заради што нивната насмевка изгледа лажно.
Ако добро ја познавате личноста, лесно ќе забележите дали нивната насмевка е лажна. Но, едно мора да имате на ум: најчесто луѓето се смеат со целото лице, а не само со усните.
Поставете им го истото прашање, но на различен начин
Тој што лаже најчесто ќе ви одговори со истите детали, но на различен начин.
Кога ќе им го поставите истото прашање на 3 различни начини, тоа ќе ја присили личноста само да додава повеќе информации за приказната што ви ја кажува.
Ако лажат, постојано ќе ги повторуваат истите зборови, фрази, па дури и детали.