Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за брак
Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче, ниту да покаже знаци на болка. Мажите голи чекорат по бикови за да докажат машкост. Африканското племе Хамар има навистина бизарни ритуали пред брак.
Племето Хамар е етничка група лоцирана во Етиопија со население од околу 75.000 луѓе.
Тие веруваат дека земјиштето не припаѓа на поединци и дека концептот на сопственост на земјиштето е непознат.
Земјата, според нивното разбирање, им припаѓа на сите и се нарекува „Буш“.
Како живеат?
Нивната основна дејност е овчарството, а мажите имаат доминантна позиција во општеството.
Жените ја обработуваат слабо плодната земја, одгледуваат пченка и грав, намирници кои се главни во исхраната во повеќето племиња во долината на реката Омо, во јужна Етиопија.
Жените исто така се занимаваат и со домашни работи и се грижат за децата.
Големо внимание посветуваат на физичкиот изглед.
Телото го подложуваат на различни третмани за разубавување, на пример, премачкување со црвена паста која е мешавина од окер боја и масти.
Оваа паста се мие еднаш месечно и се заменува со нова.
Овој третман не е наменет само за разубавување и зајакнување на кожата, туку и ги штити од инсекти и животни кои се наоѓаат во тој дел од светот.
Жените Хамар носат необичен, речиси бајковит накит, изработен од шарена овча кожа, а исто така имаат фасцинантни фризури направени од путер и црвена глина.
Секоја од жените е мајстор во правењето на фризури кои наликуваат на дредови.
За да спречат уништување на фризурата во текот на ноќта, тие користат специјални перници.