Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства
Ирма Грезе
Ирма Грезе била една од жените вработени во нацистичките концентрациони логори Равенсбрик и Аушвиц, а нејзината суровост подоцна била детално опишана од преживеаните затвореници.
По завршувањето на војната, таа била осудена за злосторства против човештвото.
Погубена била во 1945 година.
Кетрин Најт
Кетрин Најт е првата Австралијка осудена на доживотен затвор, без можност за условно ослободување, поради нејзините грозоморни злосторства.
Имено, таа брутално го убила својот партнер Џон Прајс, па деловите од неговото тело ги зготвила и им ги послужила на децата за вечера.
Розмари Вест
Розмари Вест го потресе светот со фактот дека таа и нејзиниот сопруг Фред извршиле 10 убиства, вклучувајќи го и убиството на нивната ќерка Хедер.
Фред се самоубил пред почетокот на судењето, а Розмари отслужува доживотна затворска казна.
Ерзебет Батори
Унгарската грофица Ерзебет Батори е еден од најпознатите сериски убијци во историјата на човештвото.
Се проценува дека заедно со уште неколку соучесници мачела, а потоа убила меѓу 300 и 2.000 девојчиња.
Нејзините злосторства биле откриени во 1610 година, по што била заѕидана во нејзиниот замок каде што била пронајдена мртва четири години подоцна.
Кралицата Марија I Тудор
Мери Тудор била единственото дете на кралот Хенри VIII и неговата прва сопруга, Катерина од Арагон.
Кога станала кралица на 1 октомври 1553 година, таа се обидела да го одржи католицизмот во Англија.
Позната е и како Крвавата Мери и одговорна е за егзекуцијата на околу триста протестантски неистомисленици.
С. Ш. | Црнобело / фото: Википедија