13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот

Влажни чевли

Кога ви треба брзо да ги исушите чевлите, можете да искористите песок за мачки.

Песокот за мачки се става во стари хулахопки и се остава преку ноќ да ја собере течноста.

Исто така, добро би било да ставите и по малку сода бикарбона за да се спречи развојот на бактерии во чевлите.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-08.jpg

Пожолтени заби

За брзо избелување на забите можете да искористите лушпа од банани.

Истругајте ги забите со внатрешниот дел од лушпата на бананата и почекајте 10 до 15 минути. Потоа измијте ги забите со четка и со паста.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-09.jpg

Чевли што се лизгаат

За да не ви се лизгаат чевлите можете да искористите хартија за стругање.

Истругајте ги ѓоновите со кружни движења, но не притискајте премногу силно.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-10.jpg

Компирите помагаат да не се потите

Ако немате антипреспирант, можете да искористите свеж компир за да го спречите потењето под пазувите.

Излупете еден свеж компир, исечете го на половина и со двата дела пребришете ги пазувите.

Почекајте додека кожата да ја впие течноста и потоа измијте ги пазувите. Се верува дека компирот може многу да помогне во спречување на потењето.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-11.jpg

Кревање на здолништето

Ако здолништето ви се крева постојано, можете да искористите лак за коса за да стои на место.

Нанесете малку од лакот за коса на хулахопките и тоа ќе спречи здолништето постојано да ви се крева на горе.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-12.jpg

Мастика на облеката

Колкупати ви се случило да најдете залепена мастика на облеката?

Можете да ја остраните само со помош на салотејп. Скинете едно парче лепило залепете го врз мастиката и повлечете.

Повторете ја постапката неколкупати додека не ја отстраните мастиката.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-13.jpg

Заглавен прстен

Ако прстенот ви се заглавил на раката и не можете да го извадите, потребно е само да ја кренете раката нагоре и да ја држите така неколку минути.

Крвта ќе се спушти надолу, по што ќе можете лесно да го извадите прстенот.

13-korisni-trikovi-shto-mozhe-da-ve-spasat-od-nezgodni-situacii-so-izgledot-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg