13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот
Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ќе ви помогнат да се спасите од непријатни ситуации во секој миг, а потребни ви се само продукти што сигурно веќе ги имате при рака.
На сите ни се случило да се најдеме во непријатна ситуација кога станува збор за изгледот. Непланирано излегување кога косата не ни е измиена, заглавен патент или хеланки кои повеќе откриваат отколку што прикриваат.
За среќа постојат неколку едноставни трикови што ќе ви помогнат да се спасите од вакви ситуации и тоа со помош на продукти што сигурно веќе ги имате дома.
Мрсна коса
Доколку во моментот немате шампон за суво миење на косата, можете да се спасите од мрснотијата само со помош на хартиени шамичиња.
Избришете ја мрснотијата на коренот и на косата со помош на хартиени шамичиња и потоа раздвижете ја со рацете. Веднаш ќе добиете посвеж изглед.
Заглавен патент
За да го помрднете заглавениот патент потребно ви е само наострено моливче. Протријте го врвот на моливот од двете страни на патентот и обидете се нежно да го придвижите.
За истата намена можете да искористите и балзам за усни.
Потење на градите
Ако забележувате дека во пределот околу градите се потите повеќе од вообичаено можете да користите секојдневни хигиенски влошки за да се спасите од несакани дамки на облеката.
Сѐ што треба да направите е да го ставите влошките во градникот и тие ќе ја соберат потта.
Проблеми со хеланките
Ако хеланките премногу ги нагласуваат недостатоците и вишокот на килограми на вашето тело можете да искористите само стари хулахопки со еластин.
Засечете ги хулахопките за да наликуваат на шорцови и на тој начин задникот и бедрата ќе ви изгледаат позатегнати.
Дамки од мастило
Колкупати ви се случило да ви истече мастило од пенкалото врз омилената облека?
За да ја исчистите дамката потребно ви е само средство за дезинфекција на раце.
Ставете хартиено шамиче под дамката за да го собере мастилото и нанесете малку средство за дезинфекција врз дамката, па избришете го со крпа или со памук.
Потоа исперете ја ткаенината.
Лош здив
Ако ви треба итно да го освежите здивот, а со себе немате четка и паста за заби или мастика, можете да искористите неколку цели зрнца кафе.
Кафето ја отстранува непријатната миризба и неговата текстура ќе ви помогне да го исчистите јазикот, што најчесто е причина за лошиот мирис на здивот.