Психички болести и самоубиства - Како проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало со генерации?
Проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало од колено на колено, а секој член од семејството трагично го завршувал животот. Ако клетвата на Кенеди била да бидат убивани, на Хемингвеј билe самоубиствата.
Досега потврдени се 7 самоубиства во едно од најпознатите семејства во американската историја - Хемингвеј.
Внуката на истакнатиот американски писател и новинар, Ернест Хемингвеј, актерката Мериел Хемингвеј, која беше номинирана за Оскар за улогата во филмот „Менхетен“ на Вуди Ален, го сними документарниот филм „Бегајќи од лудилото“ во кој ги открива мрачните тајни на своето семејство.
Мариел Хемингвеј, членовите на своето семејство ги опишува како исклучително креативни, но со многу психички проблеми и зависници од опијати.
„Пораснав гледајќи семејство кое беше неверојатно и креативно, но и деструктивно и само по себе. Сите беа зависници. Не сакав да завршам така. Имав мисија", изјавила таа за Мајами Хералд.
Сепак, никој во ова семејство до неодамна не зборувал за менталните болести.
„Никој за ништо не разговараше. Тоа беше друга генерација“, рекла Мариел.
Покрај новинарските текстови, расказите и романите, отменоста и вообразеноста го направиле Хемингвеј популарен кај публиката.
Зад затворени врати, тој се борел со депресија, алкохолизам и имал проблеми со менталното здравје, а сето тоа придонело да се самоубие на 2 јули 1961 година.
Но, Хемингвеј не бил единствениот што се соочувал со вакви проблеми, бидејќи неколку генерации наназад во неговото семејство се соочувале со слични проблеми.
Хемингвеј имал проблематичен однос со неговите родители
Тој бил второто дете на доктор Ед Хемингвеј и неговата сопруга Грејс Хол.
Ед бил успешен доктор, а Грејс имала талент за пеење и посакувала оперска кариера, но заработувала така што давала часови по пеење и музика.
Поголемиот дел од неговото детство го поминал во семејниот дом во Оук Парк, Илиноис и домот во шумите на Мичиген, каде што Ед ја пренесувал својата љубов кон ловот и природата.
Ернест се борел да се поврзе со својот татко, кој и покрај неговата мирна надворешност умеел да биде насилен, доминантен силеџија.
Неговата мајка била доминантна и многу религиозна, имала чудни желби како на пример била опседната со идејата да роди близнаци, и бидејќи тоа не се случило таа ги облекувала Ернест и неговата постара сестра Марселин во слична облека, ги потстрижувала многу слично покажувајќи дека двете деца се близнаци.
Кога Ернест имал 29 години, неговиот татко се самоубил.
Третата сопруга на Хемингвеј, новинарката Марта Гелхорн, сметала дека тешкиот однос кој Хемингвеј го воспоставува со жените, неверствата, суровоста и напуштањата се само поради неговата омраза кон мајка му.
По нивниот развод таа напишала: „Длабоко во Ернест, поради неговата мајка, сеќавањето на неуништливите први спомени од детството беа недовербата и стравот од жените“.
Се чини дека уште од мал почнал да чекори кон самоуништување
Барајќи авантура и бегство од приградскиот живот, Хемингвеј го напуштил домот уште како тинејџер, за на крајот да почне да волонтира како возач на Брза помош за време на Првата светска војна. Тешко ранет во Италија, се заљубил во својата медицинска сестра, а нејзиното одбивање го довело до депресивна епизода која ќе стане карактеристична за неговиот живот.
Додека работел како новинар во Америка, тој се оженил со својата прва сопруга Хедли Ричардсон, а парот се преселил во Париз за Хемингвеј да може да се фокусира на пишување фантастика.