Девојче од САД страдало од ретка болест – лекарите мислеле дека мајка ѝ лаже, 3 месеца не ѝ дозволувале да ја види, по што се самоубила

Родителите веднаш им кажале на лекарите за нарушувањето, како и дека на Маја ѝ треба кетамин.

Кетаминот е лек кој се користи како анестетик, како и за лекување депресија и намалување болка.

Но, бидејќи некои луѓе го користат како дрога, лекарите се загрижиле за барањето на родителите на Маја.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-10.jpg

Па, тие веднаш ги контактирале надлежните служби, а мајка ѝ на Маја - Бета - била обвинета дека ја малтретира ќерка ѝ, како и дека го има синдромот познат како Munchausen by proxy.

Лицата кој страдаат од овој синдром обично лажат дека нивните деца имаат некоја болест, дека се повредени и слично. Тие измислуваат симптоми, а некогаш и им ги предизвикуваат.

Иако психолошката евалуација на Бета, нарачана од судот, покажала дека таа нема психолошки проблеми, Маја сепак била одземена од семејството.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-11.jpg

Таа останала во болницата под „заштита“ на државата – нешто коешто самата го нарекува „киднапирање“.

Покрај тоа, Маја не ја добивала потребната терапија со кетамин.

Маја била во болницата три месеца, каде што не смеела да ги гледа нејзините родители.

Во меѓувреме, мајка ѝ паднала во тешка депресија.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-06.jpg

Очајно барала начин да докаже дека е невина и да си ја врати ќерката, поради што едвај јадела и речиси и да не спиела.

87 дена откако Маја била заробена во болницата, Бета извршила самоубиство.

Во мејл кој бил најден по нејзината смрт, Бета напишала:

„Жал ми е, но повеќе не можам да ја поднесам болката од тоа што сум одделена од Маја и што ме третираат како криминалец. Повеќе не можам да гледам како ќерка ми страда од болка“.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-08.jpg

Пет дена по трагичната смрт на Бета, Маја била вратена кај татко ѝ.

Бидејќи три месеца не ја добивала терапијата, нејзиното здравје било влошено.

Покрај тоа, бидејќи судот ѝ ја забранил употребата на кетамин, Маја морала да користи терапии кои не се исто ефикасни, па нејзиното закрепнување било побавно и многу поболно.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-09.jpg

Денес Маја е во подобра здравствена состојба, но некои ноќи ѝ се јавувале силни болки.

Со нејзиниот татко, пак, имаат поднесено тужба против болницата.

Судењето започна во 2023 година, над шест години по смртта на мајка ѝ Бета. Уште нема разрешница за случајот, а наводно семејство на Маја бара над 200 милиони долари оштета.

Нивниот адвокат, пак, изјави дека Маја целиот живот ќе оди на терапија за физичките и психичките проблеми кои се последица од целата голгота.

devojche-stradalo-od-retka-bolest-lekarite-mislele-deka-majka-lazhe-3-meseca-ne-dozvoluvale-da-ja-vidi-po-shto-se-samoubila-02.jpg

Магазинот People стапил во контакт со болницата, од каде што не им кажале ништо директно поврзано со Маја, туку само изјавиле:

„Нашата прва одговорност секогаш е кон детето кое ни го донеле, и легално сме обврзани да го известиме Одделот за деца и семејства кога ќе забележиме знаци на потенцијално малтретирање или негрижа.

Одделот ја истражува ситуацијата и ја носи крајната одлука за што треба да се преземе за најдобриот интерес на детето“.

За траумите што ги преживеале Маја и нејзиното семејство има и документарец на Нетфликс, насловен Take Care of Maya:

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg