Чести грешки со кои (несвесно) си ја уништувате облеката
Погрешно jа перете темната облека
Немојте да ја перете темната облека на висока температура бидејќи ќе ѝ ја избледите бојата.
За повеќето парчиња, сосема доволно е да ги перете на 30 степени. Секако, секогаш е најдобро да ги проверите инструкциите на етикетата.
Исто така, препорачливо е да ја перете темната облека превртена.
Многу долго ја киснете облеката
Кога перете на рака, не треба да ја оставате облеката да кисне во вода со детергент многу долго бидејќи ќе ја оштетите.
Долната облека од тантела и слично, доволно е да ја накиснете 10-тина минути.
Парчињата од волна и свила – не подолго од 30 минути.
Поиздржливите материјали, како памук, е доволно да ги оставите околу еден час.
Користите самолепливи ролери за отстранување влакна
Ако имате миленик, добро сте запознати со проблемот влакна на облеката.
Во овие случаи, ролерите со самолеплива трака изгледаат како најдоброто решение.
Но, честото користење на ролерите може да оштети некои материјали.
Најдобро е да користите мека четка.
Ја сушите шарената облека на директна сончева светлина
Сончевата светлина може да ја избледи бојата на облеката, но и да има влијание врз еластичноста на материјалот.
Па, не закачувајте облека надвор кога сонцето е многу силно.
Спирова С. | Црнобело