Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две студентки од Холандија
Надлежните веднаш ги провериле смартфоните и забележале неколку повици кон меѓународниот број за итни случаи од Холандија, како и бројот за итни случаи во Панама.
Но, веројатно имале слаб сигнал за повиците да бидат успешни.
Девојките првпат повикале помош во 16:39 часот на 1-ви април. Следниот повик бил во 8 наутро на 2-ри април.
Тие пробале да повикаат помош и на 3-ти и 4-ти април, но дотогаш веќе едниот телефон се испразнил.
Фотографија од Лисен направена на 1-ви април
На другиот телефон имало знаци дека бил исклучуван и вклучуван, но не бил впишан PIN кодот за картичката.
Последната активност на другиот телефон била забележана на 11-ти април околу пладне.
На фотоапаратот, пак, имало фотографии направени на 1-ви април според кои девојките залутале во дивината, неколку часа пред првпат да повикаат помош.
Фотографија од Крис направена на 1-ви април
Но, почудни се 90-те фотографии направени на 8-ми април, помеѓу еден и четири часот наутро.
Фотографиите биле направени со блиц, најверојатно покрај река. На некои се гледаат пластични кеси, заедно со други предмети на девојките.
Фотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките
А, на една се гледа задниот дел од главата на Крис.
Некои извори тврдат дека фотографијата достапна за јавност е всушност исечена и на оригиналот се гледа и крв. Но, ова не е официјално потврдено.
Фотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките
Сосема веројатно е девојките да пробувале да си го осветлат патот во темницата со помош на блицот, но ни ова не е потврдено.
По ова откритие, надлежните почнале да пребаруваат долж брегот на реката каде што бил најден ранецот.
И, набрзо потоа, на само неколку километри од ранецот, биле најдени шорцовите на Крис.
Фотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките
Според некои гласини, шорцовите биле пронајдени уредно здиплени.
По два месеца трагање, било направено најморничавото откритие – биле најдени карлична коска, како и чизма со стапало во неа.
Пронајденото стапало
Набрзо потоа, покрај брегот на реката биле најдени 33 расфрлани коски кои со ДНК анализа се докажало дека се на девојките.
На коските на Лисен уште имало остатоци од кожа, но коските на Крис биле избелени.
Односно, коските на Лисен биле во нормална фаза на распаѓање, но оние на Крис веројатно биле третирани со нешто.
Фотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките
Експертите заклучиле дека дефинитивно не станува збор за диво животно, но по бројни испрашани луѓе од областа, тие до денес немаат одговор за трагичната судбина на девојките.
Спирова С. | Црнобело