Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Шкотска

Бројот на калории што го внесувал Ангус бил практично нула во целиот период на слабеење.

Тој почнал да слабее многу брзо – околу 400 грама секој ден. Односно, околу 10 килограми месечно.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-08.jpg

Тој имал дозвола да ја напушта болницата, но бидејќи лекарите морале постојано да му ја следат состојбата поради изгладнувањето, но и да внимваваат да не јаде, одлучил најголем дел од времето да биде таму.

Поради ова, Ангус морал да го напушти работното место во ресторанот на татко му.

Ангус сакал да достигне тежина од околу 80 килограми. И, по 382 дена, без да ја прекрши диетата со изгладнување, успеал да ослаби 125 килограми.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-06.jpg

Првиот ден по диетата Ангус го почнал со леб, путер и варено јајце.

Дотогаш веќе неговиот подвиг станал познат помеѓу локалците, па одржал и прес-конференција за медиумите изјавувајќи:

„Појадокот помина добро. Малку сум прејаден, но навистина уживав“.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-02.jpg

Очекувано, наскоро неговата приказна станала сензација и покрај во Европа, се проширила и во САД.

Нормално, целиот случај бил пречекан и со доза скептицизам.

Точно е дека луѓето со прекумерна тежина можат да издржат долго без храна, сè додека ги внесуваат потребните витамини и минерали, како и доволно течности.

Но, многумина сметале дека е невозможно да се издржи повеќе од една година.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-04.jpg

Сепак, Ангус стоел на ставот дека не ја прекршил диетата. Истовремено, лекарите објавиле и студија за целиот случај.

Фактот дека методот на Ангус е опасен го потврдува и тоа што овој период, пет лица починале додека се обидувале да се изгладнуваат долгорочно, без разлика што биле под медицински надзор.

Во 1971-ва, Ангус се најде и во Гинисовата книга на рекорди. Но, по некоја година оваа категорија беше тргната од очигледни причини – премногу е ризична за здравјето.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg