10 илустрации кои покажуваат дека некогаш уживавме во животот, а денес како да подзаборавивме

Порано излегувавме со пријателите и се дружевме. Денес немаме време дури ниту да им се јавиме. 

110-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-01_copy.jpg

Многу истражувања покажуваат дека нивото на среќа кај луѓето е многу ниско во денешно време. Ова понекогаш не е врзано само со проблемите што ги имаат на работа или дома, туку и со фактот дека луѓето изгледа како да заборавиле да се забавуваат.

Во време кога сите брзаат некаде, а информациите ни стигнуваат од сите страни со голема брзина, веќе не комуницираме на ист начин ни со најблиските.

Па, време е да го забавиме темпото и да се вратиме на некои стари навики, па да почнеме да уживаме повеќе во животот.

Погледнете ги овие илустрации кои покажуваат дека понекогаш навистина забораваме (или не знаеме како) да се забавуваме:

Се засолнуваме од надворешниот свет со слушалки, па не слушаме како пеат птиците или каков е звукот на сувите лисја кога газиме преку нив.

10-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-05.jpg

Не знаеме само како да седиме и да уживаме додека не правиме ништо. Сте забележале ли дека често луѓето избираат да одат на одмор во некој нов град или држава и само трчаат да видат повеќе работи во пократко време?

10-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-07.jpg

Кога ние забораваме да се забавуваме и пробуваме да завршиме неколку работи одеднаш, тоа им станува нормално и на децата.

10-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-08.jpg

Кога бевме деца, сонувавме за одредени играчки. Денес, децата имаат толку многу кукли и колички, што не им се радуваат.

10-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-11.jpg

Се сеќавате на времето кога со семејството се собиравте пред телевизорот за да гледате серија или некоја емисија? Денес не можеме да најдеме ништо забавно за гледање, што ќе го окупира целото семејство, и покрај огромната понуда.

10-ilustracii-koi-pokazhuvaat-deka-ponekogash-zaboravame-da-se-zabavuvame-02.jpg

Прдодолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како навистина изгледа животот на парови со деца, низ забавни илустрации Безброј детски цртежи закачени на ѕидот или фрижидерот, првиот училишен ден, заб...
Потресни илустрации што ги отсликуваат проблемите во светот Инспириран од општествените проблеми и светските трагедии, илустраторот Даниел Г...
Низ илустрации: Луѓе од кои треба да се држите настрана Луѓе кои не ве почитуваат кога не им требате, но и луѓе кои постојано се негатив...
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...
Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е „Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“. „...
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg