Нов тренд на Инстаграм: Романтична фотосесија на зајдисонце на Санторини со летечки фустани
Романтичен поглед на Санторини, раскошен фустан кој лебди над белите куќички со сини покриви, сонце кое заоѓа во далечината... Вака некако изгледаат бајковитите фотографии кои сè повеќе дами ги објавуваат на своите профили на Инстаграм.
Нов летен тренд на Инстаграм е фотографирање на зајдисонце на еден од најубавите грчки острови.
И тоа не какво било фотографирање, туку со раскошен, лелеав фустан кој лебди во воздухот како што го носи ветерот и создава вистинска магија.
Овие фотографии ги прави Flying Dress Santorini.
На својот Инстаграм, каде што ги споделуваат фотките, тие велат:
„Фотосесија која се случува еднаш во животот, а поради која ќе се чувствувате посебно“.
Фотографирањето чини меѓу 370 и 1.500 евра.
Цената зависи од времетраењето на фотосесијата, фустанот и локацијата на која сакате да ве фотографираат, но и од бројот на фотки кои сакате да ги добиете.
Иако многумина велат дека не е воопшто евтино, дамите кои споделуваат фотографии од овие уникатни фотосесии, не само што го промовираат Санторини како топ летна дестинација, туку коментираат и дека целото искуство вреди.