Говор на телото кај новороденчињата: Како да препознаете кога е гладно или болно?

Со внимателно набљудување на бебешките движења и погледи, ќе разберете што ви порачува вашето дете. Затоа совладајте го ова важно градиво - научете како да протолкувате што сака да ви каже вашето малечко со своите гестови и изрази.

govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-01_copy_copy.jpg

Сигурно безброј пати сте посакале вашето бебе да може да ви каже што точно сака. Верувајте, бебето тоа и го прави со своето однесување. 

Тоа „зборува“ со цело тело, со постојано гледање во вашето лице, движења со устата, мавтање со рацете и нозете... Ваше е само правилно да го протолкувате тоа што ви го кажува. 

Во оваа статија ќе откриеме како новороденчињата комуницираат без зборови и ќе се обидеме да го преведеме она што тие ни го „кажуваат“. 

Дали бебињата разговараат со нас?

Според експертите за детски развој, бебињата комуницираат со говорот на телото уште од раѓање. Иако не се целосно свесни за значењето на нивните гестови, малите деца користат низа сигнали за да ги изразат потребите и расположенијата.

Плачењето, на пример, е универзален предупредувачки знак што го користат доенчињата за да изразат непријатност или потреба. Сепак, тоа не е единствената алатка со која располагаат.

Специфичните движења, изрази на лицето и звуци може да укажуваат на различни чувства и потреби, од глад до замор, од непријатност до љубопитност.

govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-02.jpg

Во продолжение прочитајте како да ги разберете сигналите што бебињата најчесто ги користат за да изразат емоции или потреби.

Знаци кои укажуваат на тоа дека бебето е гладно

Многумина сметаат дека плачот е првиот знак дека бебето е гладно, но напротив, тоа е последен знак за глад. Обрнете внимание на другите, невербални сигнали кои бебето ги дава и обезбедете му соодветна и навремена исхрана.

Всушност, пред да заплачат, бебињата покажуваат дека се гладни така што: ги ставаат рацете во уста, нервозно ја вртат главата барајќи ја дојката или шишето.

Некои доенчиња почнуваат да го цицаат палецот кога се гладни, додека други испуштаат звуци со многу интензивен и упорен тон како да лелекаат.

govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg