Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти
Ричард Анџело можеби немал намера да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвикувал инфаркти за потоа да ги спаси и другите да го гледаат како херој. Но, во неколку наврати работите не оделе по план, па тој убил дури осум свои пациенти.
Во очите на јавноста, лекарите и медицинските лица се херои кои секојдневно спасуваат животи.
За жал, во оваа професија завршувале и злобни луѓе кои безмилосно им ги одземале животите на нивните пациенти.
Осум лекари и медицински сестри кои ги убивале нивите пациенти:
Гвен Греам и Кети Вуд
Гвен и Кети работеле во дом за стари лица во Мичиген.
Наводно, биле во врска, па почнале да ги убиваат лицата сместени во домот за „да ја зајакнат нивната љубов“.
Злобните жени убиле дури пет лица со задушување, и тоа само за да си ја докажеле љубовта една кон друга.
Полицијата успеала да ги фати во 1989 година, по што биле испратени во затвор.
Мијуки Ишикава
И покрај ужасните злосторства, Мијуки Ишикава добила само 4-годишна затворска казна.
Таа живеела во Токио и во доцните 1940-ти работела како акушерка.
Мијуки самата не убила никого, но дозволила да починат најмалку 103 бебиња кои биле во нејзина грижа, само затоа што сметала дека нивните родители се премногу сиромашни за да се грижат за нив.
„Ангелите на смртта од Линц“
Ајрин Леидолд, Волтруд Вагнер, Стефанија Мејер и Марија Грубер биле медицински сестри познати како „Ангелите на смртта од Линц“.
Тие работеле во болница во австрискиот град Линц во 1980-тите каде што ги извршиле нивните злосторства.
Злобните жени убиле десетици пациенти со тоа што ги предозирале со морфиум.
Кога биле фатени, секоја од нив добила по 15 години затвор, но сите беа ослободени во 2008-ма.
Џон Бодкин Адамс
Џон Бодкин Адамс бил лекар кој ги убивал неговите пациенти.
Злосторствата ги извршил во 40-тите и 50-тите години на минатиот век, а сите негови жртви биле богати луѓе.
Подоцна се дознало и дека секоја од жртвите му имала оставено по нешто во тестаментот.
И покрај доказите, Џон не бил осуден.