Трикови и скриени намени на секојдневни производи што сигурно не ги знете
Испакнат дел на колички за пазарење
Овој испакнат дел служи за закачување на чантата, но и за ќеси со продукти што можат да се смачкаат од другите, како јагоди.
Четки на ескалатор
Најголемата опасност од ескалаторот е да ви се заглави парче облека и слично.
За да се намали ризикот од тоа, од страните се поставени овие четки поради кои морате да стоите понастрана од рабовите на ескалаторот.
Стрелка на симболот за резервоар за гориво
Малата стрелка до симболот за резервоарот всушност покажува од која страна е резервоарот, а со тоа и отворот за него.
Зошто копчињата на машките и женските кошули се на различни страни?
Ова е нешто што останало од далечното минато.
Порано, кога жените носеле многу слоеви облека, оние што биле богати биле облекувани од нивните слуги.
Бидејќи повеќето се деснораки, шивачите сфатиле дека за слугите ќе биде поедноставно копчињата да бидат на другата страна.
Кај машките кошули не направиле промена бидејќи мажите обично се облекувале сами.
Правилно чување на путерот од кикиритки
Веројатно имате забележано дека на путерот од кикиритки по извесно време се создава слој од масло.
За да го избегнете ова, чувајте го путерот наопаку. На овој начин маслото ќе се разреди низ путерот и ќе нема потреба да го промешувате пред секое користење.
Спирова С. | Црнобело