Доказ дека жените се итри
Често пати се покажало дека жените знаат да бидат вистински снаодливи итрици. Таква е и мајката во оваа кратка приказна за алиментација...
...на една разведена брачна двојка.
Разведен татко
„Кога вечерва ќе се вратиш кај мајка ти, дај и го ова писмо и кажи и дека сега кога веќе имаш 18 години, ова е последниот чек кој ќе го види од мене за алиментација. Потоа тргни се и посматрај го изразот на нејзиното лице од страна.“
Ќерката
„Мамо, тато ме замоли да ти го дадам ова писмо. Рече да ти кажам дека бидејќи наполнив 18 години, ова е последна исплата на алиментацијата која ти некогаш ќе ја добиеш. А, сега, јас треба да се тргнам и да го посматрам изразот на твоето лице.“
Разведената мајка
„Следниот пат кога ќе го посетиш татко ти, кажи му дека конечно после 18 години се одлучив да му кажам дека тој и не е твој татко... а, потоа, потргни се и посматрај го изразот на неговото лице.“