Поучен виц за стариот фармер
Некој стар фармер имал голем имот покрај езеро. Под стеблата на јаболката и праските поставил дрвени клупи и столчиња, одлични за одмор и пикник.
Езерото било чисто и идеално за пливање. Едно попладне, одлучил да се прошета и да види дали има некои зрели овошки. Зел голема канта и тргнал кон езерото.
Прво начул женски гласови и кикотење, а кога се приближил до брегот на езерото видел група девојки кои се капеле голи. Кога го забележале сите се нурнале во водата до вратот. Едната од девојките извикала: „Нема ништо да видите! Не излегуваме надвор додека сте тука!“
Старецот одговорил: „Не дојдов јас да ве гледам како се бањате голи и како голи излегувате од вода“, им ја покажал кантата и им рекол: „Јас само дојдов да ги нахранам крокодилите!“
Поука: И старите можат брзо да мислат.