Како Мујо добил тројка?
Стигнал Хасо во кафана и го гледа Мујо на маса седнат среќен, части па оди и он да му честита. Уште од врата почнува да вика: Мујо, ајде...
...честито тројка!
- Фала Хасо седи ајде да се напиеме нешто на моја сметка.
Седнал Хасо, нарачал пијачка, па го прашува Мујо:
- Како успеа три да направиш бре другар алал да ти е! Во што е тајната?
- Не знам Хасо како, единствено што знам е дека Фата ја читаше „Тројцата мускетари“ додека беше трудна.
На тоа Хасо во паника станал:
- Леле Мујо, морам одма дома.
- Каде бе чекај ни една пијачка не испи!
Хасо ја облекува јакната на брзина:
- Мујо, морам итно дома, жена ми е трудна, а вчера ја зема да ја чита „Али Баба и 40те разбојници“!